Рибник (Штипско)
Рибник — историско село во Штипско, денес во атарот на штипското предградие Ново Село.
Рибник | |
Координати 41°43′45″N 22°9′55″E / 41.72917° СГШ; 22.16528° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30002 |
Надм. вис. | 275 м |
Географија
уредиСелото се наоѓало на левата страна на реката Брегалница, на работ на пространа крајречна тераса, на надморска височина од 275 м. Лежело околу 2 км југозападно Штип, крај автопатот Штип-Струмица.[2][3]
Околу 1 км југоисточно од селото постојат две чешми, од кои едната е пресушена, наречени Рибнички Чешми.[2][3]
Историја
уредиВо XIX век Рибник било македонско село во Штипската каза на Скопскиот санџак.
Во 1907 година, селото броело 10-12 домаќинства, чифлигари на штипски бегови. Последниот сопственик на чифликот бил Ване Пачаризов, кој во 1912 г. се преселил во Штип. Постепено населението на селото се иселило во текот на Балканските војни.[2]
По крајот на Балканските војни, во периодот 1913-1930 сопственици на атарот на некогашното село се: Икмет-бег, Шукри-бег, Демир-ефенди и Алида-ан'ма. Подоцна имотот бил купен од Трајко Кукубаев, браќата Караѓозови (5 браќа) и Петре Шестаков. По Втората светска војна, земјиштето е национализирано, и на негово место е изграден ЗИК „Црвена ѕвезда.“[2]
Од селото денес има остатоци од некогашни куќи, како и од стар камен мост во непосредна близина на некогашната воденица. Во минатото, во селото постоеле и две турски куќи - „кули“.[2]
Иселеништво
уредиОд Рибник се иселени родовите Гајдарџиски (со старо презиме Рабничарски) во 1881 година, Југовци и Шијаковци. Сите родови денес живеат во Штип.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Трифуноски, Јован; Нетков, Васил (1964) [1962-1963]. Раселени села во долниот слив на Брегалница. III. Штип: Зборник на Штипскиот народен музеј. стр. 57–58.
- ↑ 3,0 3,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“