Ретроним – нов збор или израз создаден за да се означи стар предмет или мисла чие првично име почнало да се користи за нешто друго, или кое повеќе не е единствено.

Создавањето на ретроним генерално е последица на напредокот на технологијата.

Историја на зборот

уреди

Зборот „ретроним“ е неологизам што го создал Франк Манкиевич во 1980 година, а го популаризирал Вилијам Сафир во Њујорк тајмс магазин.

Примери на ретроними

уреди
Заменет термин Нов термин Причина за замена Епоха
Адреса Поштенска адреса Електронска адреса крај на XX век
Оружје Конвенционално оружје Јадрено, радиолошко, бактериолошко и хемиско оружје средина на XX век
Чоколадо Топло чоколадо (пијалак) Чоколадо (табла)
Копија Хартиена копија Дигитална копија (електронска) крај на XX век}}
Диск (информатика) Тврд диск Дискета
Голема војна Прва светска војна Втора светска војна 1940-тите
Франк Француски франк Белгиски франк, Швајцарски франк
Броеви Реални броеви Комплексни броеви Кантор, 1883
Телевизија Црно-бела телевизија (1960-тите) Телевизија во боја (1960-1980)
Филм Нем филм Филм (со говор) крај на 1920-тите
Телефон Телефон со бројчаник Телефон со тастатура
Телефон Фиксен телефон или жичен телефон Мобилен телефон крај на XX век}}

Често кога некое дело добива продолжение кое дели дел од неговиот оригинален наслов (на пример, дополнет со број 2), оригиналното дело го добива бројот 1 иако истиот не постоел при неговото создавање.

На ист начин, кога некоја компанија развие варијанта на некој производ, името на оригиналниот производ може да стане име на серијата.

Примери на ретронимски придавки

уреди
  • акустичен: ги означува музичките неелектрични инструменти кои немаат потреба од засилувач (акустична гитара).
  • аналоген: ги означува недигиталните системи (аналоген часовник, аналоген запис).

Поврзано

уреди