Религија во Маврициус
Религијата во Маврициус има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Маврициус е хиндуизмот. Христијанството е втора по големина религија, по кое следуваат исламот, будизмот и другите кинески религии. Хиндуизмот го практикуваат околу половина од населението[1], и овие верници главно имаат индиско потекло, додека генерално христијаните се од француско или африканско потекло.
Според пописот од 2011 година направен од земјата, хиндуизмот е најголемата религија со 48,54%, по што следи христијанството со 31,70% (со католицизмот како најголема христијанска деноминација од 26,26%), исламот 17,3% и будизмот 0,43%[1].
Азиски религии
уредиХиндуизам
уредиХиндуизмот во земјата бил донесен од страна на Индијците кои работеле како слуги на европските доселеници на островот[2]. Денес, хиндуизмот е главна религија во Маурициус, чии верници зазимаат 48,54% од вкупното население на земјата според пописот од 2011 година направен од страна на статистичкиот завод на земјата[1][3][4]. Според овие податоци, Маврициус е земја која има најголем процент на хиндуси во Африка и трет највисок процент во светот по Непал и Индија.
Еден од најголемите фестивали на островот е Махасиваратри или „Големата ноќ на Шива“. Исто така, постои значајна мигрантска популација на народот Бумихару, кои оставиле свој белег во различни области и тие сè уште се во контакт со нивните членови на семејството во Индија и постојат случаи на брачни односи меѓу нив со цел за да го зачуват нивниот културен идентитет непроменет[5].
Будизам
уредиОколу 0,4% од населението на Маврициус се придржува до будизмот. Се практикува од страна на значително малцинство од кинеско потекло[1].
Аврамски религии
уредиХристијанство
уредиХристијанството во земјата било донесено од страна Холанѓаните. Сепак, Холанѓаните го напуштиле островот во 1710 година[6]. Французите повторно го донеле христијанството кога пристигнале во 1715 година. Од 1723 година постоел закон според кој сите робови што доаѓаат на островот мора да го прифатат католицизмот[7]. Се смета дека овој закон не бил строго придржуван[7]. Во времето кога островот бил под британска власт, Англичаните се обиделе да ги конвентираат жителите во протестантските деноминации, во текот на 1840-тите и 1850-тите[7].
Католиците сочинуваат 83% од христијаните на Маврициус (26% од вкупното население или 324.811)[1]. Други признати религии вклучуваат Црквата на Англија која на островот претставува епархија во рамките на Црквата на провинцијата Индиски Океан и која има 2.788 членови според пописот. Презвитеријанците имаат 501 член и црквата на Адвентистите од седмиот ден имаат 4.428 членови[1]. Други христијански деноминации се три пентекостни групи со 8.692 членови, Мисија Salut et Guérison со 3.731[1]. Околу 47.774 христијани на пописот[1], Јеховини сведоци имаат 2.173 членови додека Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни има 471 членови во 2 собранија[8].
Ислам
уредиИсламот се практикува од 17,3% од населението на земјата[1]. Околу 95% се сунитски муслимани[9], кои разбираат урду. Во рамките на муслиманската заедница, постојат три различни етнички групи, особено Мемони и Суртеи. Шиитњските претставниџи главно имаат потекло од Источна Африка.
Првата џамија во земјата е џамијата Камп дес Ласкар, која била изградена во околу 1805 година. Денеска официјално е позната како џамија Ал-Акса. Џамијата Џума во Порт Луј била изградена во 1850-тите и честопати е опишувана како една од најубавите верски објекти во Маурициус. Во градовите и селата има многу помали џамии. Во 1965 година, во земјата имало 65 џамии[10]. Сите џамии се контролирани од одбор наречен вакуф, кој бил основан во 1941 година и ги надгледува финансиите и администрацијата на сите џамии. Секоја џамија има менаџер наречен мутанвалија, избран од општеството. Одборот помага во извршување на погреби, предавање образование во медреси и други исламски церемонии.
Највисока концентрација на муслимани се наоѓа во главниот град Порт Луј, претежно во областа Плане Верте, Вард IV, Вале Питот и Камп Јолуф.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Resident population by religion and sex“ (PDF). Statistics Mauritius. стр. 68, 71. Архивирано од изворникот (PDF) на October 16, 2013. Посетено на April 23, 2017.
- ↑ Malik, Rajiv (2003). „The Hindus of Mauritius“. Hinduism Today. Himalayan Academy. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2007-04-25.
- ↑ „Hinduism in Mauritius -as indentured servants of European settlers of the island. As of 2000, 48% of the country follows Hinduism“. Mauritiusdelight.com. Архивирано од изворникот на 2018-07-17. Посетено на 2016-06-21.
- ↑ „Mauritian culture – The main religions in Mauritius“. Lemeilleurdelilemaurice.com. 2012-11-16. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2016-06-21.
- ↑ Thapan (ed.), Meenakshi (2005). Transnational Migration and the Politics of Identity. SAGE. стр. 320. ISBN 978-0-7619-3425-7.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на May 10, 2011. Посетено на January 28, 2010.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Watson, James L. (1980). Asian and African systems of slavery. University of California Press. стр. 158–159. ISBN 978-0-520-04031-1. Посетено на 2010-01-28.
- ↑ „Mauritius“. Newsroom. Church of Jesus Christ of Latter-day Saints. Посетено на 25 November 2016.
- ↑ „ISLAM IN MAURITIUS | Faisal Muhammad“. Academia.edu. 1970-01-01. Посетено на 2016-06-21.Предлошка:Circular reference
- ↑ Bosworth, Clifford Edmund, уред. (1989). The Encyclopaedia of Islam: Fascicules 111-112 : Masrah Mawlid. BRILL. стр. 849. ISBN 9789004092396.