Религија во Белгија

Верници во Белгија
Римокатолици
  
60 %
Муслимани
  
4 %
Будисти
  
0,3 %
Хиндуисти
  
0,07 %
Други
  
0,83 %
Нерелигиозни
  
38 %

Според последната анкета која била спроведена од страна на Евробарометар во 2005 година[1]:

  • 43% од белгиските граѓаните одговориле дека "тие веруваат оти Бог постои ".
  • 29% одговориле дека "тие веруваат оти постои некоја друга сила".
  • 27% одговориле дека "тие не веруваат дека постои Бог или некоја друга сила".

Историја

уреди
 
Катедралата Свети Михаил и Гудула во Брисел

По шпанското освојување од 1592, до повторното воспоставување на верската слобода во 1781 година од страна на Јозеф II од Австрија, Римокатоличката црква била прогласена за единствената легитимна религиозна организација која била дозволена на територијата на денешна Белгија. Сепак, мал број на протестанти групи успеале да опстојат, и истите главно се задржиле во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт[2]

Религијата била една од разликите кои се појавиле помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север предводен од страна на Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна сметка, унијата се распаднала во 1830 година по создавањето на новата белгиска држава. По 1830 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во политичкиот живот на Белгија. Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“ („guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954 до 1958.

Друг важен настан што се случил е од 1990, кога религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на белгискиот парламент за легализација на абортусот[3]

Денеска, во Белгија католицизмот е најголема религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот број на население. Други религии во земјата се исламот, протестантството и јудаизмот.

Наводи

уреди
  1. European Union. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
  2. Френк Роз (инспектор на протестантска веронаука). "Де Reformatie во vogelvlucht" или како фламански протестантството се повлекле кон Север (на холандски)“.
  3. New York Times (5 април 1990). „Belgian King, Unable to Sign Abortion Law, Takes Day Off“. Посетено на 2008-04-10.