Рајко Јовчевски
Рајко Јовчевски — македонски писател за деца и преведувач[1][2].
Животопис
уредиРајко Јовчевски е роден во с. Луково, Струшко на 23 февруари 1937 година.[2]. Во родното место го завршил основното образование, во Битола завршил средно земјоделско училиште, а потоа дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата југословенска книжевност.[2] Бил уредник во списанието за деца „Развигор“ и во редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“.[2] [3] Член на ДПМ од 1969 година.[4]
Творештво
уредиАвтор е на книгите:[2].
- Еден малечок свет (поезија, 1967),
- Зад ридот изворче (раскази, 1972),
- Златното фенерче на летото (поезија, 1973),
- Тивко шумолат брезите (поезија, 1983),
- Грда пролет во глувите ридишта (раскази, 1985),
- Сказна за Горанчо (сликовница, 1986),
- Трите златни соништа (сказни, 1986),
- Артисти напред (драмски текстови, 1988),
- Кога ќе процветаат девојчињата (поезија, 1989),
- Глувото зрно и големиот ум(сказна, 1990),
- Амор од Катино (роман, 1991),
- Изворче од спомени (раскази, 1992),
- Кула од копнежи (роман, 1993),
- Една друга љубов (роман, 1994),
- Сказни (1996),
- Клап, клап, клап (брзозоборки, 1997),
- Трите осамени глувчиња (сликовница, 1997),
- Танцувајте куклички (драмски текстови, 1999)
Наводи
уреди- ↑ Strezovski, Jovan (1991). Poetska Struga: 1962-1991. Naša kniga.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=287.htm www.org.mk
- ↑ Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 58.
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.111.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |