Рафиз Аљити

Политичар од Македонија

Рафиз Аљити (албански: Rafiz Aliti; Радуша, скопско, 29 април 1959) — македонски политичар и поранешен припадник, односно командантна т.н. ОНА, попознат како командант М’суси. Член е на ДУИ.

Рафиз Аљити
Rafiz Aliti
29 април 1959(1959-04-29)(65 г.)
Прекар:Командант М’суси
Роден во:Радуша, НР Македонија, ФНРЈ
Род: ОВК
ОНА
Битки/војни:Воен конфликт во Македонија, 2001
Други занимања:Потпретседател на Собранието
Потпретседател на Собранието
На должноста
2008 – во служба
Лични податоци
Националност Албанец
Партија ДУИ

Животопис

уреди

Алити е роден во скопското село Радуша на 29 април 1959 година. Во Скопје завршил во гимназија Зеф Луш Марку, додека високото образование на Факултетот за физичка култура во Приштина на Косово. По професија е професор. За време на конфликтот од 2001 зема активно учество во т.н. ОНА и добива командантска функција. Псевдонимот му бил командант М‘суси (Mёsusi) и бил одговорен за реонот на Радуша[1]. Себеси се смета за дел од интелетуалното крило на т.о. ОНА и со тоа зема активно учество во формирањето на Демократската унија за интеграција, каде е потпретседател на партијата[2]. Во три наврата е пратеник во македонското собрание (2002-2006[3], 2006-2008[4] и 2008-2009[5]). Од јули 2008 година избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија[6]. Добро ги познава српскиот и хрватскиот јазик. Женет е и живее во селото Радуша.

Наводи

уреди
  1. Ма., Г. (2 септември 2009). „ПОРАНЕШНИТЕ КОМАНДАНТИ НА ОНА ПОДГОТВЕНИ НА ТРАЈНО ПОМИРУВАЊЕ И ЗАКОПУВАЊЕ НА ВОЕНИТЕ СЕКИРИ“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2009-10-05. Посетено на 2009-11-18.
  2. „Теута Арифи и Рафиз Алити потпретседатели на ДУИ“. А1. 11 февруари 2006. Посетено на 2009-11-18.
  3. „Пратенички состав 2002-2006“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-17.
  4. „Пратенички состав 2006-2008“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-17.
  5. „Пратенички состав 2008-2012“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-17.
  6. „РАФИС АЉИТИ - ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-17.