Раскази од другиот џеб
Раскази од другиот џеб (чешки: Povídky z druhé kapsy) — збирка раскази од чешкиот писател Карел Чапек, оригинално објавена во 1929 година, додека македонското издание е објавено на 2012 година од издавачката куќа “Темплум”. Преводот од чешки јазик го направил Диме Митревски.
Технички податоци
уредиЗбирката е издадена како 102 книга во рамките на библиотеката “Магма”, со финансиска поддршка од Програмата за култура (2007-2013) на Европската Унија. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски - Скопје и ја носи ознаката 821.162.3-32. Книгата има 194 страници, на предната корица е ставена слика на Пет Пери, додека на задната корица е даден кус опис на делото и куса биографија на авторот.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи 24 раскази на Чапек, а на крајот од книгата е дадена хронологија на животот на Чапек, попис на неговите изданија, како и осврт врз неговото творештво. Во збирката се поместени следниве раскази:[1]
- Украдениот кактус
- Расказот на стариот криминалец
- Исчезнувањето на господин Хирш
- Чинтамани и птици
- Сефџии и паликуќи
- Украденото убиство
- Случајот со детето
- Грофицата
- Историјата на диригентот Калина
- Смртта на баронот Гандара
- Приказните на брачниот измамник
- Балада за Јурај Чуп
- Расказот за загубената нога
- Вртоглавица
- Ушна исповед
- За крадецот лиричар
- Судот на господин Хавлен
- Игла
- Телеграма
- Мажот што не можеше да спие
- Збирка на марки
- Обично убиство
- Поротник
- Последните ствари на човекот.
За збирката
уредиЗа збирката “Раскази од другиот џеб”, самиот Чапек изјавил: “Овие раскази се стимулирани од литературен мотив, од проблемот на колоквијалниот јазик, разговорниот јазик во сите негови нијанси”. Во оваа збирка, Чапек ја достигнал кулминацијата на раскажувачката техника. Од разговорниот јазик ги презел елементите на авантуристичкиот роман и детективските приказни и во таа форма ги вметнал моќните психолошки истражувања на судбините на обичните луѓе. Во расказите, тој ги истражува поимите на злосторството и правдата, па дури и самата вистина.[2]