Разговор:Теравада

Последен коментар: пред 13 години од MacedonianBoy на темата Тхеравада

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 20:27, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 09:18, 3 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Тхеравада

уреди

Статијава треба да се преимени во „Тхеравада“. Тука се работи за аспириран согласник а не [θ]. --203.59.66.149 (разговор) 11:14, 4 јануари 2011 (CET)Одговори

 Ок Статијата беше создадена како „Тхеравада“, но во меѓувреме некој ај пренасочил во „Теравада“. Сега е повторно вратена.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:28, 4 јануари 2011 (CET)Одговори
Никој не сметал дека се работи за TH, но во македонскиот јазик нема аспиративен глас Х и не се предава. Сегашното име е грешно, треба да е Теравада. Види Пном Пен на пример.--Никола Стоіаноски 12:29, 4 јануари 2011 (CET)Одговори
Не, не, не. Пишуваме „Пном Пен“ и „Токио“ по традиција (тие зборови влегле во македонскиот од друг европски јазик, а не од кмерскиот, односно јапонскиот јазик). Тоа се исклучоци. Англичани, на пример, пишуваат Calcutta за Kolakatā (कोलकता). В. ова. --203.59.66.149 (разговор) 14:58, 4 јануари 2011 (CET)Одговори
И теравада е влезен преку друг јазик, не преку Хинди, те уверувам во тоа. Но зборот ми беше следен: во македонскиот јазик не постои аспиративен глас и не се предава истиот. Исто така во македонскиот јазик нема дентални гласови (θ или ð) и тие не се предаваат, туку се заменуваат со најсоодветните гласови, во овој случај Т или Д. Поздав --Никола Стоіаноски 16:10, 4 јануари 2011 (CET)Одговори
Да се надополнам. Значи во македонскиот не се предава аспиративна Х, освен во еден случај кој е исклучок а тоа е Њу Делхи. Зборот е влезен преку друг јазик и станал традиција иако не е според нашите правила на транскрипција. Друг збор од југоисточните азиски држави не ми текнува, но има уште еден пример со Х, а тоа е тврдата буква Х во турските јазици. Кај нас KH се предава како Х, иако во турските јазици тоа е посебна буква и пар на буквата H. Види Казахстан.--Никола Стоіаноски 16:25, 4 јануари 2011 (CET)Одговори
Назад на страницата „Теравада“.