Разговор:Соросоидство

Последен коментар: пред 10 години од Ehrlich91

Статијата е напишана на неутрален начин и нема за цел да обелоденува кој е „соросоид“ и што тој прави. Содржината ја поткрепив со доста референци кои мислам дека се доволен доказ за постоењето на терминот. На MacedonianBoy би му препорачал најпрво да си ја исчисти енциклопедијата од пропагандистички статии без никакви референци кои со години опстојуваат на Википедија како што е статијата Татаробугари пред да земе да реагира со коментар како „Сварно? Има вакво нешто?“ за статија во којашто воопшто не ги ни погледнал референците.--Mastersource (разговор) 13:16, 23 јули 2014 (CEST)Одговори

Уште да обвиниш на ќоро кој е Соросоид. Пола референци се весници (срска дијаспора или некои бугарски портали). Има англиска верзија статијава? На англиска Википедија или на некој друг јазик? Постои еден поим на Википедија „доволно позната тема“. --Никола Стоіаноски 13:27, 23 јули 2014 (CEST)Одговори
Јас реков дека немам намера со статијата да обвинувам кој е „соросоид“ и ќе те замолам да престанеш да провоцираш. Референците од весници ги преземав од статии на англиската Википедија. Ме чуди како ја наведуваш англиската Википедија како пример, а од друга страна обвинуваш дека референците од весници не ти чинеле. А, има ли статија за Татаробугари на англиската? Од една страна настојуваш да се брише статија со референци којашто ја има само на оваа Википедија и тврдиш дека референците не ти чинеле, а од друга страна не ни обрнуваш внимание дека повеќе од две години имап статија којашто исто така ја има само на македонската Википедија и нема никакви референци. Фер ли е тоа? Или можеби статијата ја има напишано некој од твоите пријатели, па на него не смееш да му преречеш ништо. Најпрво размисли добро што ќе напишеш пред да започнеш да редиш бисери.--Mastersource (разговор) 15:43, 23 јули 2014 (CEST)Одговори

Мое мислење е дека статијата треба да биде избришана. Гледам дека создавачот на статијата се има потрудено доста во составувањето на содржината и има поврзано некои работи коишто се поткрепени со наводи, но сепак мислам дека поимот во македонскиот јазик не се употребува како таков и тоа што некаде во светот има употреба не мора да значи дека е прифатливо и во другите земји. Проверив и со пребарување и навистина не можев да најдам ниту една страница на македонски јазик во којашто истиот се применува. Освен тоа, интересно е што на Википедија на македонски јазик нема статии за Џорџ Сорос и за фондацијата „Институт отворено општество“, така што делот од содржината којшто се однесува на нив би можел да биде од полза при создавањето на овие статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 23 јули 2014 (CEST)Одговори

Од кога тоа правило дека не може да има статија за работи коишто се воведени во соседството и се однесуваат и на Македонија? Прочитај во една од референците и ќе видиш дека терминот се однесува на повеќе земји меѓу кои е и Македонија. А фактот што нема статии на одделни не знам зошто претставува пречка за пишување на други статии. Не гледам зошто уредувањето на статии да зависи од тоа дали има други. Кога веќе гледам дека си го послушал MacedonianBoy и си ја избришал статијата, нема ли барем да земеш и да ја избришеш статијата Татаробугари? Што ќе кажеш за статии на спорни теми како Бугарски воз коишто ги има само на македонската Википедија и користат референци од обични весници? Или можеби важи правилото дека ако статијата ја уредил некој од вас или вашите пријатели не смее да се пререче и мора да остане, а ако е некој обичен смртник тогаш сигурно е некој пропагандист и мора тоа под итно да се брише?--Mastersource (разговор) 15:59, 23 јули 2014 (CEST)Одговори

Оставив два дена да ми одговорите на прашањата, но гледам дека на никој не му дошло до тоа, па решив да ја создадам статијата одново. Ќе ве замолам да не ја бришете статијата и да не применувате двојни стандарди, бидејќи и онака веќе имате статии чијашто основна цел е да се исмеваат народи или некои други општествени структури, а гледам дека не сте се потрудиле баш да ги збогатите со порелевантни референци од колумни во весници и статии на портали. Не е фер, нели?--Mastersource (разговор) 13:44, 25 јули 2014 (CEST)Одговори

Страницата ќе биде избришана, зашто извини ама за ваква „идеологија“ како стои во статијата на насловот ти требаат малку поиздржани извори, од овие твоиве. Плус, самиот термин во Македонија не е користен од никој и никаде, така што статијата по ниедна основа нема потреба да постои на Википедија на македонски јазик. Те повикувам слободно да ги напишеш темите за самата Фондација „Отворено општество“ и Џорџ Сорос, каде што во посебни пасуси можеш да внесеш делови за нивната активност во невладините организации низ повеќе земји. За статијата Бугарски воз, јас не гледам ништо навредливо, зашто тоа е статија која опишува израз кој го употребувале и употребуваат сите медиуми во Македонија, што е изнесување само на факти. Воедно, овде се говори за твојата статија, ако нешто ти смета за тие статии, пишувај на нивните страници за разговор. --Ehrlich91 (разговор) 15:43, 29 јули 2014 (CEST)Одговори
Назад на страницата „Соросоидство“.