Разговор:Протести против полициската бруталност 2011

Последен коментар: пред 13 години од Kiril Simeonovski на темата Шаблон НГТ заради сигурност
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Ја започнувам оваа статија, иако знам дека веќе постои слична статија за Смртта на Мартин Нешкоски. Во иднина очекувам овие две статии да се спојат и крајниот резултат да е нешто налик на ова - http://en.wikipedia.org/wiki/2008_Greek_riots по структура. Иако сеуште се свежи емоциите, мислам дека ова е битна тема и дека со ладна глава може да биде добра и неутрална Википедија статија. Ве молам корегирајте ако има некои неправилности. --FlavrSavr (разговор) 21:09, 1 јули 2011 (CEST)Одговори

Го подсредив воведот и додадов референци. Но не знам колку успешно. Новица (разговор) 10:56, 2 јули 2011 (CEST)Одговори

Шаблон НГТ заради сигурност

уреди

Саакм да напоменам дека го додадов шаблонот НГТ во горниот дел од статијата, кој мислам дека е добро да остане сè додека статијата не биде довршена во својот почетен облик и побогата со извори од поголем број на медиуми. Не застапувам нечиј став во целиот случај и за доброто на Википедија на македонски јазик, која е добро да остане што е можно подалеку од целата позадина и сите случувања во врска со случајот, мислам дека овој шаблон го оправдува уредувањето на статијата од можната злоупотреба на трудот вложен во неа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:01, 2 јули 2011 (CEST)Одговори

Има ли некој конкретен дел од содржината кој не е неутрален? Ова "НГТ заради сигурност" некако не ми делува убедливо, искрено. Веќе постои шаблон "во изработка" и "актуелен настанЌ кој го адресира проблемот што го поставуваш. Подобро да се каже што е тоа што конректно ја повредува политиката неутрална гледна точка, за да се подобри самата статија. --FlavrSavr (разговор) 18:10, 2 јули 2011 (CEST)Одговори
Не сакам да се започне дискусија која ќе се претвори во дебата со политичка заднина и мислам дека овој шаблон најсоодветно посочува дека е можно прекршување на неутралноста, додека статијата сè уште се уредува. Така на пример, ознаката дека статијата е под изработка не нуди ништо повеќе од тоа дека содржината ќе биде променета и е „лабаво“ оправдување за можното оспорување на истата. Инаку нешто поконкретно е дека блоговите не треба да се користат како релевантни извори, бидејќи всушност претставуваат нечие мислење. Воведот содржи премалку или извори кои не посочуваат на ништо конкретно. Освен тоа, без извор се наведува дека „низ дебати и разговори меѓу учесниците, кои што се оджуваа секој ден во 18.00 часот зад споменикот на Мајка Тереза во Скопје“ била оформена листа со барања на протестирачите. Ова мора да биде поткрепено со некој медиум. Друга работа е дека моментната содржина се однесува само на убиството и постојано се повторува тоа, наместо да пишува нешто повеќе околу организацијата и случувањата за време на самите протести. Не знам дали со ова се настојува да се зголеми нечија емоционална свест за нештата, но не заборавајте дека оваа статија е насловена „Протести против полициската бруталност 2011“ и дека постои статија насловена „Смртта на Мартин Нешкоски“. Затоа, најдобро нека остане шаблонот додека статијата не биде завршена, по што ќе може да се извлече општ заклучок за неутралноста и дали има или нема потреба шаблонот да се најде во статијата. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:54, 2 јули 2011 (CEST)Одговори
Јас во пишувањето се трудев да бидам колку што можам неутрална, и ако текстот звучи ненеутрално или звучи како да застапува нечија страна, се надевам дека ќе придонесат други луѓе за тоа текстот да се преформулира и за што поголем број на извор на информации да бидат додадени. А и јас немам додадено референци секаде каде што треба. Околу изворот блог, тоа е единствениот извор на информација за тоа како навистина првиот ден се собраа луѓе на фонтана. Не е наведено тоа во ниеден медиум, весник, телевизија и слично. Ако не е во ред блог запис да биде наведен како релевантен извор, тогаш молам некој да го преформулира текстот, бидејќи мислам дека таа информација е битна. Истото важи и за дебатите и разговорите. Ова беше спомнато од страна на дел од учесниците во Вестите на А1 во Студио 2. Друг релевантен извор кој што може да го потврди ова нема. А причината поради која што нема напишано се уште ништо околу самите протести и нивната организација е што јас лично немам присуствувано на ниеден протест, и се чека на луѓе кои што редовно присуствувале на протестите да го напишат тој дел од статијата, кој што е замислен и да биде главен дел. --Mskack1001 (разговор) 21:49, 2 јули 2011 (CEST)Одговори
Благодарам на опширниот одговор. Мислам дека целосно сте во право и тоа е и идејата дека е потребно и други луѓе, кои имаат други извори и информации да се вклучат во уредувањето, со што ќе се создаде една целосна содржина ослободена од било какви пристрасности. Инаку, идејата со шаблонот е да се заштитите и Вие како корисник со најголем придонес во уредувањето на статија, но и целата Википедија на македонски јазик од можноста за нејзина било каква злоупотреба и т.н. „етикетирање“ на некои од нашите активни корисници. Ве охрабрувам да продолжите со уредувањето на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 3 јули 2011 (CEST)Одговори
Назад на страницата „Протести против полициската бруталност 2011“.