Разговор:Политичка криза во Македонија (2015-2017)
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Политичка криза во Македонија (2015-2017)“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Митинг или протест на движењето Граѓаните за Македонија?
уредиЗдраво. Имам една забелешка во однос на делот „тек на настаните“ последниот пасус, „Протестите биле проследени со организирање на масовен митинг пред седиштето на Владата на Македонија на 17 мај“, протестот беше организиран од движењето „Граѓаните за Македонија“ (кое се состои од голем број невладини организации и слично). Предлагам да се замени реченицата со „Протестите биле проследени со организирање на масовен протест од страна на движењето „Граѓаните за Македонија“ пред седиштето на Владата на Македонија на 17 мај. Поздрав.--M4r51n (разговор) 02:02, 16 јануари 2016 (CET)
Страни во судирот
уредиЗа оваа статија мислам треба да стои делот со „страни во судирот“. Сите извори потврдуваат дека имало спротиставени страни и чуму криза ако немало спротиставени страни? Поздрав.--Retrohead (разговор) 12:37, 30 април 2017 (CEST)
- Можно е. Од луѓето кои излегоа на улица првите денови, знам дека не биле организирани од никого, а политичките страни се вклучени подоцна. Можеби треба да се тргне само делот „водачи“? п.с. За ова подобро да дискутираме на самата страница за разговор на статијата? Поздрав - Виолетова (разговор) 12:45, 30 април 2017 (CEST)
- И можно и сигурно. Секоја криза настанала поради судир. Судир нужно не повлекува воен конфликт, во овој случај се работи за политички судир.--Retrohead (разговор) 12:55, 30 април 2017 (CEST)