Разговор:Независна Држава Македонија
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Независна Држава Македонија“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Бришење на страницава
уреди@Ehrlich91,@Kiril Simeonovski, ја разгледав страницава и можам да заклучам дека целата се темели на рекла-казала муабети, секако исфилувани со бугарската пропаганда.
Воведот на страната кажува се:
"Независна Држава Македонија — неостварен политички проект заснован врз идејната замисла на пост-револуционерно ВМРО за создавање на Независна Македонија. Обидот за реализација бил извршен од Ванчо Михајлов кој пред крајот на Втората светска војна, со поддршка од Германците, дошол во Скопје на 5 септември 1944, со задача да формира квислиншка македонска држава, но не нашол поддршка и се откажал."
Значи нити постоела таква држава, нити е направена и цел текст надолу може комплетно да оди на страната на Ванчо Михајлов. Тези дека такво ќе било знамето, дека ќе бил бугарскиот лев главна валута, дека православието ќе било религија се тотални измислици на бугарската пропаганда. Ова е исто како да направам статија Независна Пиринска Македонија и да ја полнам со текстови напишани по интернет форуми.
Јас сметам дека треба да се избрише и да не постои ваква страница. Се знае што е Независна Македонска држава, онаа која ја изгласавме во 1991. Не ставив ознака за бришење бидејќи сакав ваше мислење и консултација околу статијава. Ви благодарам Forbidden History (разговор) 19:46, 8 декември 2021 (CET)
- Јас не го делам мислењето дека треба да се избрише затоа што сепак има значајност (со што го исполнува условот да има статија) дури и ако била само како идеја и никогаш не постоела. Дали статијата е во целост добра, не знам бидејќи не сум ја прочитал, очигледно треба досредување според тоа што го пишуваш. --Ehrlich91 (разговор) 19:58, 8 декември 2021 (CET)