Радмила Кипријанова-Радовановиќ

Политичар од Македонија

Радмила Кипријанова-Радовановиќ (родена во 1941 година во Скопје) — македонски универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ректор и политичар.[1]

Радмила Кипријанова-Радовановиќ
Родена 1941
Скопје
Националност Македонка
Занимање професор
политичар

Животопис

уреди

Радмила Кипријанова - Радовановиќ дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964), а докторирала на Универзитетот во Загреб (1974). Имала повеќе студиски престои во Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје била од 1965 година, а како редовен професор од 1986 година каде предавала во подрачјето на математички методи во хемиското инженерство, моделирање и оптимизација на процесите и дизајнирање на експериментите. Се пензионирала во 2004 година.

Автор на учебници и помагала, научни трудови и истражувачки проекти. Била ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (во два мандати) и декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (во два мандати).

На политички план, била член на секретаријатот на Извршниот комитет на партијата Демократска Алтернатива. Кипријанова - Радовановиќ била потпретседател на Владата на Македонија, министер за технолошки развој во Владата на СФРЈ, министер за наука во Владата на Македонија, пратеник во Собранието на Македонија[2].

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кипријанова- Радовановиќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 690. Text "series " ignored (help)
  2. „Радмила Кипријанова - Радовановиќ“. Собрание на Македонија. Посетено на 12 февруари 2012.