Лига на шампиони во ракомет за жени
Лигата на шампиони во ракомет за жени (Англиски: Women's EHF Champions League) е официјално натпреварување за женски ракометни клубови од Европа, раководено од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Од своето основање во 1960 па сè до 1992 натпреварувањето се нарекувало Куп на европските шампиони, но во 1993 натпреварувањето го сменило името во Лига на шампиони.
Моментална сезона или издание:![]() | |
![]() | |
Спорт | ![]() |
---|---|
Основана | 1961 |
Број на екипи | 16 (групна фаза) 22 (вкупно) |
Држави | Членките на ЕХФ |
Континент | ![]() |
Тековен првак | ![]() |
Најмногу титули | ![]() |
Поврзани натпреварувања | Куп на ЕХФ ЕХФ КПК |
Портал | www.ehfcl.com/women |
Турнир Уреди
Фази Уреди
Лигата на шампионите во ракомет за жени е поделена во пет фази. Во зависност од ранкингот на националните федерации, клубовите можат да влезат во натпреварувањето од квалификациите или директно во групната фаза. Бранителот на титулата заедно со шампионите од најдобро рангираните држави го почнуваат натпреварувањето во групната фаза, додека пак послабо рангираните држави ќе мора да поминат низ квалификациите.
Квалификациски турнир Уреди
Се формираат две групи од по четири екипи. Екипите во групите играат меѓусебно полуфинале и финале, на едно место за време на викенд. Победниците на групите обезбедуваат пласман во групната фаза од лигата на шампионите.
Групна Фаза Уреди
Клубовите квалификувани од квалификациските групи се придружуваат на бранителот на титулата, како и на шампионите од најдобро рангираните држави. Се формираат 4 групи со по 4 екипи. Екипите играат со секоја екипа двапати меѓусебно, на домашен и на гостински терен. Најдобрите 3 екипи од секоја група напредуваат во наредната фаза. Останатите клубови продолжуваат во Купот на победниците на куповите.
Главна групна фаза Уреди
Се формираат 2 групи од 6 екипи. Екипите играат меѓусебно по двапати, на домашен и на гостински терен. Најдобрите 4 екипи од двете групи се пласираат во четвртиналето.
Четвртфинале Уреди
Впарувањето во оваа фаза се прави во однос на пласманот на екипите во главната фаза. Па така, првопласираните екипи од групите играат против четвртопласираните екипи, и второпласираните екипи играат против третопласираните екипи од групите. Четирите победници обезбедуваат пласман во фајлн фор турнирот.
Фајнл фор Уреди
Фајнл фор турнирот се одржува за викенд во еден град домаќин, претходно одреден од страна на Европската ракометна федерација. Со помош на извлекување се одредуваат паровите во фајнл фор турнирот. Победниците во полуфиналните натпревари играат во големото финале, додека пак поразените екипи се борат за трето место.
Резиме Уреди
Куп на Европските Шампиони Уреди
Лига на Шампиони Уреди
Статистика Уреди
По клуб Уреди
Клуб | Шампион | Финалист | година шампион | година финалист |
---|---|---|---|---|
Спартак Киев | 13 | 2 | 1970, 1971, 1972, 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983, 1985, 1986, 1987, 1988 | 1974, 1989 |
Хипо | 8 | 5 | 1989, 1990, 1992, 1993, 1994, 1995, 1998, 2000 | 1987, 1988, 1991, 1996, 2008 |
Ѓер ЕТО | 5 | 3 | 2013, 2014, 2017, 2018, 2019 | 2009, 2012, 2016, |
Раднички Белград | 3 | 4 | 1976, 1980, 1984 | 1981, 1982, 1983, 1985 |
Виборг | 3 | 2 | 2006, 2009, 2010 | 1997, 2001 |
Шлагелсе | 3 | 0 | 2004, 2005, 2007 | |
Лајпциг | 2 | 4 | 1966, 1974 | 1967, 1970, 1972, 1977 |
Крим Љубљана | 2 | 3 | 2001, 2003 | 1999, 2004, 2006 |
Будуќност Подгорица | 2 | 1 | 2012, 2015 | 2014 |
Жалгирис Каунас | 2 | 0 | 1967, 1968 | |
Вашаш Будимпешта | 1 | 4 | 1982 | 1978, 1979, 1993, 1994 |
Сагунто | 1 | 2 | 1997 | 1998, 2003 |
Кометал Ѓорче Петров | 1 | 2 | 2002 | 2000, 2005 |
Ларвик | 1 | 2 | 2011 | 2013, 2015 |
Копенхаген | 1 | 1 | 1965 | 1966 |
ТВ Гисен-Лицелинден | 1 | 1 | 1991 | 1992 |
Подравка Копривница | 1 | 1 | 1996 | 1995 |
Штинца Букурешт | 1 | 0 | 1961 | |
Спарта Прага | 1 | 0 | 1962 | |
Труд Москва | 1 | 0 | 1963 | |
Рапид Букурешт | 1 | 0 | 1964 | |
Берлин | 1 | 0 | 1978 | |
Дунафер | 1 | 0 | 1999 | |
Звезда Звенигород | 1 | 0 | 2008 | |
ЧСМ Букурешт | 1 | 0 | 2016 | |
Ференцварош | 0 | 2 | 1971, 2002 | |
Вардар | 0 | 2 | 2017, 2018 | |
Динамо Прага | 0 | 1 | 1961 | |
Омладински Белград | 0 | 1 | 1962 | |
Фредериксберг ИФ | 0 | 1 | 1963 | |
Хелсингер ИФ | 0 | 1 | 1964 | |
Спартакус Будимпешта | 0 | 1 | 1965 | |
Емпор Росток | 0 | 1 | 1968 | |
Универзитатеа Темишвар | 0 | 1 | 1973 | |
Локомотива Загреб | 0 | 1 | 1975 | |
Свифт Рурмонд | 0 | 1 | 1976 | |
Интер Братислава | 0 | 1 | 1980 | |
Баер Леверкузен | 0 | 1 | 1984 | |
Штинца Бакау | 0 | 1 | 1986 | |
Кубањ Краснодар | 0 | 1 | 1990 | |
Лада Тољјати | 0 | 1 | 2007 | |
Олтчим Валча | 0 | 1 | 2010 | |
Итчако | 0 | 1 | 2011 |
Најдобри стрелци Уреди
Најдобри стрелци во историјата на натпреварувањето Уреди
Место | Ракометарка | Голови | Од сез |
---|---|---|---|
1 | Анита Гербиц | 848 | 14 |
2 | Бојана Поповиќ | 733 | 14 |
3 | Катарина Булатовиќ | 725 | 13 |
4 | Лин-Кристин Ригелут | 683 | 14 |
5 | Андреа Пенезиќ | 628 | 10 |
6 | Андреа Лекиќ | 625 | 10 |
7 | Јованка Радичевиќ | 561 | 13 |
8 | Александра до Насименто | 560 | 13 |
9 | Хајди Локе | 545 | 10 |
10 | Едуарда Аморим | 513 | 12 |
11 | Нора Морк | 480 | 10 |
12 | Кристина Њагу | 472 | 8 |
13 | Грит Јурак | 439 | 12 |
14 | Људмила Постнова | 401 | 10 |
15 | Александрина Кабрал | 398 | 13 |
Најдобри стрелци по сезони Уреди
За да ја видите листата кој се ракометарки биле најдобри стрелци во Лигата на шампионите во ракомет за жени по сезони кликнете тука.
Наводи Уреди
- „Champions League Regulation Women“ (PDF). Европска ракометна федерација. Посетено на 5 January 2009.
- „Women's Champions League Official site“. Европска ракометна федерација. Посетено на 5 January 2009.