Пролетен гороцвет

Пролетниот гороцвет (науч. Adonis vernalis) — повеќегодишно цветно растение од семејството лутичиња (Ranunculaceae) што вирее на суви ливади и степи во Евроазија. Се среќава и во помали изолирани подрачја во Шпанија на запад до средна и јужна Европа и до Шведска на север. Главните области на распространетост се Панонската Низина и Западносибирската Низина.[1]

Пролетен гороцвет
CITES, Додаток II (CITES)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Гороцвет
Вид: Пролетен гороцвет
Научен назив
Adonis vernalis
L.

За разлика од највеќето други европски видови на гороцвет, цветовите на ова растение се појавуваат на пролет, имаат пречник од 80 мм и по 20 светложолти ливчиња.

Растението е отровно бидејќи содржи соединенија погубни за срцето како адонидин и аконитна киселина,[2] но се употребува како украсно растение.[3]

Во Македонија уреди

Во Република Македонија растението е присутно само во околината на Куманово.[4]

 
Ботанички цртеж на пролетен гороцвет

Наводи уреди

  1. „Den virtuella floran: Adonis vernalis. Посетено на 17 април 2006.
  2. „King's American Dispensatory: Adonis. Посетено на 17 април 2006.
  3. Bailey, L. H. (2005). Manual of Gardening (II изд.). Проект Гутенберг.
  4. Гороцвет, пролетен“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 382.

Надворешни врски уреди