Предраг Милетиќ
Предраг Милетиќ (Ниш, 26 септември 1952 година) е српски театарски, филмски и телевизиски актер.
Предраг Милетиќ Предраг Милетић | |
---|---|
Предраг Милетиќ | |
Роден(а) | 27 септември 1952 година Ниш ![]() |
Националност | Србија |
Занимање | Глумец |
Активен | 1977 - денес |
Сопружник | Гордана Милетиќ |
Деца | Вук Милетиќ Тадија Милетиќ |
Приватен живот
уредиПредраг Милетиќ е роден во Ниш, во СФР Југославија. Неговата мајка Ружица Милетиќ (роденото Илиќ) била домаќинка, а татко му бил познатиот поручник Владимир Милетиќ (1919-2010), југословенски разузнавачки офицер, добитник на бројни одликувања, меѓу кои и два медали за храброст. Неговото име го носи улицата во Сичево каде живеел Владимир Милетиќ.[1] Предраг има една сестра, Славица. Како дете, Предраг живеел во Ниш со своето семејство, а се преселил во Белград за да студира на Факултетот за драмски уметности. Оженет е со сопругата Гордана и има два сина кои исто така се занимаваат со театар, Вук, продуцент и менаџер во културата и уметноста, и Тадија, драматург и режисер.[2]
Образование
уредиПо завршувањето на гимназијата се запишал во драмското студио во Народниот театар во Ниш. По завршувањето на студиите продолжил со стручното усовршување и една година поминал во професионалниот ангажман на Нишкиот народен театар. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорката Огњенка Милиќевиќ, со асистентот Владимир Јевтовиќ.[3] Стручно се усовршувал на семинарите на Олга Сковран и Ева Рут-Ронен од Кралската академија за драмски уметности во Лондон.
Кариера
уредиПостојано е вработен во Народниот театар во Белград од 1985 година. Првата главна улога во театарот ја игра во претставата „Ла мама“, улогата на Антонио, на Театарот на Теразиите во Белград. Глумел во над шеесетина домашни и странски серии и филмови и е единствениот глумец на Народниот театар кој истовремено бил ангажиран и во оперскиот и во драмскиот сектор.[4] Автор е на книгата Со велосипед до Хиландар, во која го опишува своето патување од Белград до манастирот Хиландар на Света Гора, во друштво на неговиот кум, познатиот српски соло пејач, Оливер Њега. Од 2014 година е претседател на управниот одбор на Куклениот театар „Пинокио“,[5] а од 2015 до 2018 година бил претседател на програмскиот совет, а од 2019 г. е избран за селектор на Меѓународниот фестивал на монодрама и пантомима во Земун.[6]
Кариера
уредиПредраг Милетиќ во текот на својата кариера глумел во повеќе од сто театарски претстави, филмови, опери и серии. Некои од најпознатите дела се претставени во лиота.
Филмови
уреди- Балкан Експрес (1983)
- Како да го засмеете господарот (1988)
- Балкан експрес 2 (1988)
- Свето место (1990)
Телевизија
уреди- Седум секретари на СКОЈ (1981)
- Самрак (1983)
- Венеријанска раја (1982)
- Сив дом (1986)
- Вук Караџиќ (1986)
- Другарка министерка (1989)
- Крај на династијата Обреновиќ (1995)
- Не верувај на жената која пуши гитанес без филтер (1995)
- Грозница од саботна вечер (1997)
- Горки плодови (2008)
- Принудно слетување (2012)
- Звездара (2015)
- Камионџии д. о. о. (2021)
Претстави
уреди- Ла мама (1979)
- Спортинг Лајф (1979)
- Го убија кнезот (1983)
- Кањош Мацедоновиќ (1989)
- Мушичка (1993)
- Кротењето на опаката (1993)
- Побратим (1994)
- Развоен пат на Бора Кројачот (1995)
- Голема драма (2002)
- Зајачки насип (2004)
- Ребека (2012)
Наводи
уреди- ↑ „Дирекција за изградњу града Ниша, Билтен 2015 - ..."преко реке Нишаве у селу Сићево, Улица Владимира Милетића."“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-10-20. Посетено на 2022-01-26.
- ↑ „Апсолутна преданост раду – упознајте Тадију Милетића“. Српски академски круг. 29 мај 2015. Архивирано од изворникот на 1 октомври 2015. Посетено на 30 септември 2015.
- ↑ Предраг Милетић, оставили су трага
- ↑ „Биографија Предрага Милетића на сајту Народног позоришта“. Архивирано од изворникот на 2015-07-11. Посетено на 2022-01-26.
- ↑ ОБЕЛЕЖЕНА ЗАВЕТНА СЛАВА ПОЗОРИШТА ЛУТАКА ”ПИНОКИО”
- ↑ „О фестивалу, Фестивал монодраме и пантомиме“. Архивирано од изворникот на 8 јули 2015. Посетено на 10 јули 2015.
Надворешни врски
уреди- Predrag Miletic на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- ISBN 978-86-905255-0-8 велосипед до Хиландар