Предгрчки супстрат
Предгрчки супстрат е термин со кој се означува непознатиот јазик или јазици кои веројатно биле распространети на територијата на Древна Грција пред доаѓањето на говорителите на прагрчкиот јазик. Се претпоставува дека грчкиот јазик позајмил многу зборови и сопствени имиња од догрчкиот јазик или јазици, бидејќи повеќе грчки зборови не можат да се објаснат од реконструираните праиндоевропски корени и морфеми.
Во археологијата, догрчкиот супстрат се поврзува со раниот и делумно со средниот период на еладската цивилизација на континентална Грција, а исто така и со минојската и кикладската цивилизација на островите од Егејското Море. По подемот на микенската цивилизација, која ги апсорбира трите претходни, се насетуваат стремежи на асимилација на догрчкото население. Во епохата на Херодот, многу од споменатите народи преживеале само во легендите.
Историски сведоштва
уредиСтарогрчките историчари спомнуваат низа на народи кои пред доаѓањето на Грците живееле на Балканскиот Полуостров, западните делови на Мала Азија и на островите во Егејското Море. На Крит постоела Минојската цивилизација, чие влијание се насетува и на Балканот и Кикладите; покрај минојците, на Крит жителствувале Пелазгите и Кидоните. Во континентална Грција, најмногубројно племе биле Пелазгите; покрај нив, се спомнуваат и Минијци, Кавкони, Лелеги, Аркадијци, Дриопи, Кинуријци, Курети, Молосци, Телебои. На крајниот запад на Мала Азија живееле Лелегите, Пелазгите, Тевкрите, Термилите и Тирсените.
Минојската цивилизација оставила многу пишани извори, но природата на минојскиот јазик е сè уште нејасна. Тирсените се идентификувале со Етрурците (Етруските), а Пелазгите во старогрчките извори повеќепати се наведувани како народ сроден на етрускиот. Во египетските извори од XIII век п.н.е. во групата на „морски народи“ најверојатно се споменуваат Пелазгите (наведени како Филистејци, веројатно се мисли на Пелазгите), Тирсени (Етрурци или Етруски), а веројатно и Тевкрите.
Етничката припадност на другите народи, а исто така и потеклото на горенаведените народи и роднинските врски меѓу нив останува предмет на шпекулација, бидејќи отсуствуваат пишани извори.
Зборови со веројатно предгрчко потекло
уреди- Лични имиња (на пример, Οδυσσεύς Одисеј)
- Теоними (на пример, Ερμής Хермес)
- Морски и бродски имиња (на пример, θάλασσα «море»[1])
- Зборови поврзани со средоземното земјоделство (на пр. ἐλαία «маслинка», άμπελος «вино»)
- Имиња на владетели (на пример, Τύραννος «тиранин»)
- Градбени зданија (на пример, πύργος «кула»[2])
- Поими поврзани со изгледот на објектите (на пример, Κόσμος «вселена», букв. «украс», ουράνος «небо», букв. «тенда»)
- Топоними со наставките -νθ- (на пример, Κόρινθος Коринт, Ζάκυνθος Закинтос), -σσ- (на пример, Παρνασσός Парнас) и -ττ- (на пример, Λυκαβηττός планината Ликабет).
Теории за супстратите
уредиСведоштвата за предгрчкото население стигнале до нас со текстовите на старогрчките историчари, поети и генеолози, а исто така и по текстовите на соседните култури (хетска, староегипетска итн.). Ако ги исклучиме најфантастичните хипотези, тогаш најчести варијанти за врските меѓу предгрчките народи со познатите јазици и култури се следните:
Анадолски супстрат
уредиСпоред мислењето на Л. Палмер, А. Хојбек и низа други истражувачи, како супстрат може да послужи еден од анадолските јазици (можно е тој да е лувискиот јазик[3]), бидејќи топонимите со звучните комбинации -ss- и -nd- (соодветни на -σσ- и -νθ- во континентална Грција) биле широко распространети во Западна Анадолија. Против оваа хипотеза се насочени два факта: прво, топонимите со укажаните наставки се распространети исто така и во континентална Грција и на Крит, каде никогаш не се забележани влијанија на хето-лувиската цивилизација; второ, во Мала Азија укажаните наставки се среќаваат само во западните делови, каде хето-лувиските народи навлегле дури по падот на Хетското царство, а тие топоними се спомнуваат во хетските текстови многу порано[4].
Супстрат можеле да бидат и јазиците од предлувиските култури од западнот на Анадолија (Троја, Бејџесултан и др.), кои од почетокот на бронзеното доба одржувале тесни врски со континентална Грција.
Пелазгиски супстрат
уредиДревните историчари често ги сметаат Пелазгите (кои населувале поголем дел од Грција) како народ кој е сродствен на Тиренците (Етрурците) од Мала Азија, па дури и ги поистоветуваат. Веројатниот пелазгиски споменик, Лемноската стела, разоткрива голема морфолошка и лексичка сличност со етрурскиот јазик.
Врз основа на тврдењата на Тукидид дека тиренскиот јазик во минатото бил јазикот на древна Атина и дека Тиренците биле изгонети на Лемнос (Херодот ги припишува и првото, и второто место на Пелазгите), се претпоставува дека супстратниот јазик бил поврзан со лемноскиот јазик, а со тоа и со етрурскиот јазик.
Проблемот на „тиренската хипотеза“ се состои во тоа, што карактеристичните наставки на супстратните зборови (во прв ред -νθ-, -σσ- и -ττ-) немаат свои аналози во етрурскиот јазик, односно, можно е тие да немаат пелазгиско потекло.
Минојски супстрат
уредиМинојската цивилизација постоела на островот Крит, а раноасимилираната од Минојците кикладска цивилизација — на Кикладските Острови. Влијанието на Крит се проширило далеку на исток, до Кипар и крајбрежјето на Палестина. Минојската цивилизација покажала значително влијание на микенската цивилизација, која го позајмила критското писмо и значителен дел од критската лексика. Во исто време, во предмикенскиот (односно, еладски) период, во континентална Грција не можат да се најдат траги за присуството на Криќаните.
Со кикладската цивилизација исто така се поврзува и малоазискиот народ Лелеги, подоцна асимилирани од страна на Каријците.
Палеобалкански супстрат
уредиЛ. А. Гиндин и Ј. В. Откупштиков го сметаат предгрчкиот супстрат за раноиндоевропски, поврзан со други (различни од Грците) народи (на пример, Тракијци). Во оваа хипотеза овие два автори заемно се исклучуваат.
Истражувачи
уредиПокојни
уредиСовремени
уредиНаводи
уреди- ↑ Дадениот збор може да биде и несупстратен (барем за грчкиот): за него, во смисла на индоевропска паралела се предлага Предлошка:Lang-inc «бара» (Гамкрелидзе Т. В., Иванов Вјач. Вс. Индоевропски јазик и индоевропејци. Тбилиси, 1984. Т. II. С. 672)
- ↑ овој супстрат се јавува како индоевропски, πύργος, а исто така и «Пергам», кој може да се поврзе со праиндоевропскиот *bhergh- Архивирано на 10 мај 2009 г.
- ↑ Неколку истражувачи, на пример, Леонард Палмер, претпоставуваат дури и дека јазикот од линеарното писмо А би можел да е лувиски, иако се предложувани и други анадолски јазици
- ↑ Подробно за населението на Мала Азија во хетскиот период и топонимиката што се споменува во хетските текстови, видете: История Древнего Востока. Ч. 2. Передняя Азия. Древний Египет. М. Наука 1988.