- декември
Т. Херлин, 1847 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, ремизира!
Решение |
---|
| Во позицијата на дијаграмот, црниот има голема материјална предност, но неговиот крал е во незавидна позиција, што на белиот му овозможува преку одлична комибнација да освои половина поен.
Се чини дека белиот е во целосно загубена позиција, бидејќи заканата на црниот е да матира во два потега, играјќи 1...Dg3, со неодбранлива закана 2...Dg1#. Но, од друга страна црниот крал се наоѓа на аголот од таблата, па еден шах на белиот топ по осмиот ред може да биде матоносен. Така, идејата на белиот е да се искористи слабоста на црниот крал со објава на шах по осмиот ред со потегот 1.Тd8. Сега, црниот е принуден да одигра 1...Db8. Во оваа позиција, белиот има можност да ја добие размената на топот со дамата, но во тој случај проодниот црн пешак на f2 е доволен за победа. Главниот проблем за белиот во оваа позиција е како да ја продолжи комбинацијата. Решението на проблемот се крие во положбата на сите пешаци на таблата, при што белиот може да игра само со топот или кралот, додека црниот само со дамата. Знаејќи го тоа, белиот ремизира играјќи 2.Тg8!!. Како што беше напоменато, црниот е пред принуден потег да го земе белиот топ на g8, по што белиот крал е во пат позиција и партијата завршува реми. Во спротивно, црниот би можел и да ја загуби партијата, доколку дамата отстапи на било кое друго поле на осмиот ред.
|
|
- ноември
Ј. Сарат, 1808 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Оваа композиција е дел од речиси сите шаховски учебници и е една од најважните позиции во изучувањето на пешачките завршници. Во позицијата, црниот има предност од два пешака и се чини дека има сигурна победа, но на потег е белиот.
Единствениот обид за победа за белиот, кој е на потег, се разбира дека е во движење на еден од веригата пешаци на петтиот ред. Заканата на црните пешаци на g4 и h3 е голема, па белиот нема време за потези со кралот. Доколку одигра со а или со с-пешакот, белиот напаѓа само еден црн пешак, што на црниот му овозможува потег со b-пешакот, запирајќи два бели пешаци (1.а(с)6 b6 2.c(а)6 (2.c(а)xb6 c(а)xb6)) и добивајќи ја партијата. Но, доколку белиот одигра 1.b6!!, тој истовремено напаѓа два противнички пешаци, што го принудува црниот да го земе опасниот пешак, бидејќиот истиот би промовирал побрзо од било кој црн пешак на таблата (1.b5!! а(с)5 2.bxc(а)7 h3 3.с(а)8D h(g)2+ 4.Кg(h)2 и белиот победува). Поради тоа, црниот е принуден да одигра 1...аxb6 или 1...сxb6. Но, со кој било од овие два потега, тој создава двојни пешаци и му отвора на белиот слободна линија. Така, доколку црниот земе, играјќи 1...axb6, отворена останува а-линијата, а по 1...сxb6, с-линијата. Така, по 1...a(с)xb6, белиот е потребно да одигра 2.с(а)6! Со овој потег, тој создава позиција во која и двата негови пешаци се нападнати, но нападнати се и двата противнички, па ако црниот одигра 2...bxc(а)6, белиот победува по 3.а(с)6 h3 4.а(с)7 h(g)2+ 5.Кg(h)2. Доколку пак, црниот одигра 2...bxa(с)5, тогаш белиот победува по 3.c(а)xb7 h3 4.c(a)8D h(g)2+ 5.Kg(h)2.
|
|
- октомври
Сибирска стапица
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Црниот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Позицијата на дијаграмот настанува во Сицилијанска партија, а била анализирана од страна на Борис Шипков од Новосибирск, поради што композицијата во шаховската литература е позната како „Сибирска стапица“.
Позицијата настанува по потезите: 1.е4 c5 2.d4 cxd4 3.c3 dxc3 4.Sxc3 Sc6 5.Sf3 e6 6.Lc4 Dc7 7.0-0 Sf6 8.De2 Sg4! 9.h3?? Првата непрецизност во партијата за белиот претставува потегот 8.De2. Така, по овој потег, белата дама и белиот коњ на f3, кој има одбранбена улога заштитувајќи го пунктот h3, може да бидат нападнати со само еден потег, доколку црниот одигра ...Sd4. Поради тоа, потегот 8...Sg4 е одличен, бидејќи црниот уште еднаш го напаѓа пунктот h3, подготвувајќи се за ударот со коњот на d4. Потегот 9.h3?? е клучната грешка во партијата. По 8...Sg4!, белиот има можност да го заштити полето d4 од страшниот маневр на противничкиот коњ, бидејќи заштитата од коњот на f3 е недоволна, поради матната закана на h3. Но, наместо тоа, со потег на погрешниот дел од таблата, му овозможува на црниот да победи по потегот 9...Sd4!! Ова е жртва, која белиот не смее да ја прими поради матот на h3, а доколку пак игра со нападнатата дама, црниот исто така матира по 10...Sxf3+ 11.gxf3 (или 11.Dxf3, ако белиот претходно одиграл 10.De1 или De3 па може да земе и со дама) Dh3#. Со потегот 10.g3, белиот го оневозможува црниот да матира, но затоа пак ја губи дамата.
|
|
- септември
Т. Тавернер, прва награда во списанието Dubuque Chess Journal, 1889 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, мат во два потега!
Решение |
---|
| Во позиицијата на дијаграмот, белиот има голема материјална предност, но неговата цел е да го матира црниот крал по само два одиграни потега.
Поставеноста на белите фигури околу црниот крал остава впечаток дека белиот има на располагање голем број на потези, со кои би можел да го матира противничкиот крал во следниот потег, но црните фигури, исто така се поставени одлично, заштитувајќи ги сите клучни полиња околу кралот. Но, фактот дека црниот крал е во пат позиција, наведува на тоа дека со следниот потег црниот создава слабости во својата позиција, па така идејата на белиот е да го остави црниот крал во истата позиција и да го принуди противникот да создаде слабости. Поради тоа, следува 1.Th1! Многу е тешко да се дојде до ова решение, но ова целосно ја исполнува идејата на белиот. Сега црниот е пред принуден потег. Може да одигра 17 различн потези, кои создаваат соодветни слабости, по кои белиот матира. Така, по 1...Lh7, полето d5 не е повеќе заштитено, па следува 2.Sd5#, по 1...Lf7 или 1...Lf6 покриене топот на f8, па следува 2.Df5#, по 1...Le6 или 1...Le7, покриен е топот на е8 и белиот матира со 2.е3#, додека по 1...Ld5, белиот повторно матира со коњот на d5 по 2.Sxd5#, а по 1...Lg5 или 1...Lh4, следува 2.Dh2# односно 2.Txh4#. Доколку црниот игра со топ, создава слабости, покривајќи ги дијагоналите на ловците, па по 1...Тf7 или 1...Те6, белиот матира, играјќи 2Sd5#, по 1...Тf6 или 1...Те7 со 2.Тh4#. Доколку црниот одигра 1...Те5 следува 2.Dg4#, по 1...Тf5, белиот матира, земајќи го ловецот, 2.Dxf5#, а по 1...Те4 или 1...Те3, следува 2.fxe4# односно 2.Lh2#.
|
|
- август
Маршалова стапица
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Црниот е на потег, победува!
Решение |
---|
| На дијаграмот е претставена позиција во Руска партија, којашто ја анализирал познатиот шахист Френк Маршал, кој успеал да го пронајде начинот на кој црниот во неа победува, поради што во негова чест композицијата била наречена „Маршалова стапица“.
Позицијата настанува во Руска партија, со следната низа на потези: 1.е4 е5 2.Sf3 Sf6 3.Sxe5 d6 4.Sf3 Sxe4 5.e5 e4 6.Ld3 Ld6 7.0-0 0-0 8.c4 Lg4 9.cxd5 f5 10.Te1? Со последниот потег, белиот уште еднаш го напаѓа црниот коњ на е4 и се заканува да освои пешак. Но, овој потег всушност е погрешен. На ова место за најприроден потег се смета потегот 10.Sc3. По малата напрецизност на белиот, црниот го има на располагање силниот потег 10... Lxh2+! Сега белиот е принуден да ја прифати жртвата, бидејќи по 11. Кh1 би ја загубил дамата со 11...Sf2+, а по 12.Kf1 црниот има голема предност во развојот. Следува 12.Кхh2 Sxf2 13.De2 (или 13. Dd2, или 13.Dc2) Sxd3 14.Dxd3 Lxc3 15.Dxc3 Dh4+! Со последниот потег, црнио објавува шах, освојувајќо го топот на е1.
|
|
- јули
Ф. А. Д. Филидор, 1749 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Позицијата на дијаграмот е можеби најпознатиот поучен пример за начинот на којшто се реализира завршницата со топ и ловец против топ. Композицијата ја составил Франсоа-Андре Даникан Филидор, а истата е обработена во речиси сите современи шаховски учебници.
Најпрвин потребно е да се напомене дека во ваквите завршници, белиот може да победи само доколку неговиот крал е во опозиција со противничкиот и доколку белиот топ не се наоѓа на b или g-вертикалата или на вториот или седмиот ред. Навидум, најдобар потег за белиот е 1.Le6, но црниот го има силното продолжение 1...Тd7, по што белиот крал ора да отстапи и партијата завршува реми. Поради тоа, задачата на белиот е да се стесни просторот на дејствување на црниот топ. 1.Te8+ Tf8 2.Тf7 Те2! (по 2...Тh8, белиот победува по 3.Тa7 Тh6 4.Le6). Сега, откако црниот топ е далеку од кралот, потребно е белиот да започне да создава матни закани. Следува 3.Тg7! Те1 (по 3...Те3, белиот победува со 4.Тb7) 4.Тb7 Тc1 (на 4...Кc8, белиот го има силното продолжение 5.Тa7! и победува по Тb1 6.Тh7! Кb8 (по 6...Тb6, победничко е 7.Lc6) 7.Тh8 Кa7 8.Тa8 Кb6 9.Тb8). Во оваа позиција, потребно е да се спречи противничкиот топ да објавува шах, па затоа значаен е потегот 5.Lb3!!, по што црниот е принуден да одигра Тc3!, што е силен потег, но сепак црниот не може да го заштити својот крал од сите матни закани. Доколку црниот одиграше 5...Kc8, белиот форсирано победва по 6.Тb4 Кd8 7.Тf4 Те1 (а по 7...Кc8, следува 8.Ld5 Кb8 9.Тa4 и белиот победува) 8.La4 Kc8 9.Lc6 Td1 10.Ld5 Kb8 11.Ta4. Сега, белиот е потребно да ги искористи слабостите на црниот кои се создаваат со преголемата ангажираност на црниот топ, па затоа следува 6.Le6 Тd3 7.Ld5 Тc3 (не 7...Kc8, поради 8.Ta7) 8.Тd7+! Кc8 (по 8...Ке8, победничкиот потег е 9.Тg7) 9.Тf7 Кb8 10.Тb7 Кc8 11.Тb4! Кd8 (не 11...Тd3, поради 12.Тa4). На ова место, клучен потег е потегот 12.Lc4!! и по 12...Кc8, следува 13.Le6 Kd8 14.Tb8 Tc8 и 15.Tc8#.
|
|
- јуни
Извадок од партијата Е. Ласкер - Ј. Бауер, Амстердам, 1889 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Ова е позицијата по 14. потег на црниот 22....Sxh5 во партијата одиграна меѓу Емануел Ласкер и Јохан Бауер во Амстердам во 1885 година.
Во позицијата ан дијаграмот, белиот има материјал помалку, меѓутоа неговите ловци се многу поактивни за разлика од црните кои се ограничени од своите пешаци. Од друга страна, ловците на белиот директно „нишанат“ на црниот крал на g8, што претставува мотив за одлична комбинациска замисла. Следува 15.Lxh7+!, по што црниот е принуден да ја прифати жртвата, инаку во спротивно ќе биде по 15...Kh8 16.Dxh5 Те8 17.Lg6+ Kg8 18.Dh7+ Kf8 19.Dh8#. Црниот и во партијата ја прифаќа жрвтвата играјќи 15...Кхh7, по што следува 16.Dxh5+ Кg8 17.Lxg7 Kxg7 (во спротивно 18.Dh8#). Со жртва на двата ловца белиот ја отвори позицијата на црниот крал, но работата не е сè уште завршена. На ова место следува 18.Dg4+ Kh7 19.Tf3. Белиот се заканува да матира со топот на h3, па црниот е принуден да ја жртвува дамата, по 19...е5 20.Тh3+, единствен потег е 20...Dh6. По 21.Txh6 Kxh6, се чини дека црниот има доволна компензација во два ловца за топ и дама и партијата е неизвесна, но белиот, како што одиграл и Ласкер, го има смртоносниот удар 22.Dd7, освојувајќи еденод ловците и создавајќи трајна предност, која била мтеријализирана во партијата по 38. потег на белиот, кога Бауер се предал.
|
|
- мај
Г. Каспарјан, 1935 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Позицијата на дијаграмот е многу позната композиција од завршницата на познатиот шаховски композитор Генрих Каспарјан. И покрај материјалната предност на црниот, со правилна игра белиот е во можност на одличен начин да го матира противничкиот крал.
Според позицијата на дијаграмот, се чини дека белиот, кој е материјално послаб, шансата треба да ја бара во небезбедната позиција на црниот крал на h5, благодарение на силниот ловец на с8. Според тоа, првиот потег на белиот треба да биде 1.Sе8. Сега, црниот е принуден да игра со својот крал, бидејќи доколку игра со еден од своите топови или со некој од пешаците, белиот со шах ќе го принуди да дојде на g6 и во следниот потег да го матира (на пример, по 1...T2h1 следува 2.Sg7 Kg6 3.Lf5#). По 1...f6, потегот 2.Sg7 е погрешен, бидејќи по 2...Кg6, белиот не може да матира поради слободното поле f6, кое му е достапно на црниот крал. Потегот 1...Txf4, исто така го оневозможува белиот да матира со ловецот, но ќе биде објаснет подоцна поради идентичната идеја со главната линија во композицијата. Црниот е принуден да одигра 1...Kg6, по што следува 2.h5+! Со овој потег, белиот се обидува да го врати црниот крал по h линијата и да го нападне со шах. Поради тоа, следува 2...Txh5. Но, следува 3.g4! Со овој потег, белиот се заканува да матира на f5, не само со ловецот, туку и со f-пешакот. Поради тоа, црниот е принуден да одигра 3...Тxf4. Просторот околу црниот крал се стеснува, па тоа е нов мотив за напад на белиот. Следува 4.Lxf4 Txf4 и црниот крал е заробен од своите пешаци и топови, кои истовремено се нападнати од белиот пешак на g4, што е знак за белиот да одигра 5.Sg7!! Неверојантно, но со оваа коњска виљушка, коњот ги напаѓа двата топа на црниот, кои истовремено се нападнати и од пешакот на g3. Сега, без оглед на тоа со кој топ црниот ќе отстапи, белиот матира со земање на другиот топ. Ако се навратиме наназад и ако црниот одиграше 1...Txf4, би настанала истата позиција по 2.Sg7 Kg6 3.h5 Txh5 4.Lf5+ Txf5 5.g4. Коњскиот маневар во оваа „геометриска“ позиција, популарно е наречен „мајка на сите виљушки“.
|
|
- април
Ј. Вотруба, 1887 г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Ова е една интересна композиција од завршницата, во која очигледно е дека црниот има голема материјална предност, но лошата позиција на цррниот крал му овозмжува на неверојатен начин форсиран да победи.
Позицијата на белиот пешак на g5 е безнадежна и се чини дека со неговото отстранување од таблата во следниот потег, белиот ги губи сите шанси за победа. Доколку белиот отстапи со својот крал, тој на црниот би му овозможил, не само земање на пешакот на g5, туку и ослободување на кралот е незавидната позиција. Но, белиот го има на располагање ударот 1.g6! Изгледа неверојатно, но по овој потег, сите потези на црниот во продолжение се форсирани. Следува 1.fxg6+ 2.Кxf6. Сега, црниот повторно има само едно можно решение, а тоа е потегот 2...g5, по што следува 3.Кf5 и по 3...g4 4.hxg4#.
|
|
- март
Стапица „Ноев кораб“
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Црниот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Ова е многу позната позиција во теоријата на шаховските отворања. Постои легенда дека оваа позиција ја анализирал Ное, престојувајќи во својот кораб со животните, па поради тоа оваа композиција го добила името „Ноев кораб“.
Позицијата на дијаграмот е од Шпанска партија и е настаната со потезит 1.е4 е5 2. Sf3 Sc6 3.Lb5 a6 4.La4 d6 5.d4? Последниот потег на белиот е доста агресивен и на црниот му дава можност тактички да го надмудри својот противник и да дојде до решавачка предност. Белиот пешак на b4 е нападнат од црниот пешак на е5, но за црниот подобро би било доколку тоа го искористи, откако ќе ја унапреди својата позиција. Така, најдобар потег за црниот е потегот 5...b5. Со овој потег, црниот го напаѓа белиот ловец, која мора да отстапи и подобрувајќи ја својата позиција на дамското крило, црниот ја одложува размената на d4. Сега белиот е принуден со ловецот да отстапи на полето b3, па следува 6.Lb3. Сега, црниот е подготвен да земе на d4. Тој, тоа може да го направи на два начина, по кои белиот е принуден да ја прифати размената, бидејќи во спротивно црниот ќе се стекне со материјална, но и со положбена предност. По 6...exd4, следува 7.Sxd4 Sxd4 (или 6...Sxd4 7.Sxd4 exd4) и 8.Dxd4. Се чини дека белиот само ги размени својот коњ и својот пешак за оние на противникот, но сега и неговата дама е изложена на напад и тоа повторно со напредок на црниот на дамското крило. Следува 8...c5. По овој потег белиот е принуден да отстапи со дамата, по што следува 9...c4 и белиот ловец е заробен.
|
|
- февруари
Г. Хиткоут, прва награда во списанието Hampstead and Highgate Express, 1905-1906г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, мат во 2 потега!
Решение |
---|
| Позицијата на дијаграмот е една од нјпознатите од почетокот на 20. век. Во неа, црниот крал се наоѓа во пат позиција во центарот од таблата, па секој потег на белиот со кој се објавува шах, а црниот не е во можност да го избегне претставува мат. Сепак, едноставната замисла на белиот треба да се реализира во само 2 потега.
Според распоредот на фигурите на таблата, очигледно е дека најопасно по црниот е доколку белиот објави шах со коњот. Според тоа, како најпримамлив потег се појавува потегот Sc3+. Но, доколку белиот веднаш одигра 1.Sc3, тој со коњот ја затвора c-вертикалата и црниот крал безбедно може да се засолни на полето с6, напаѓајќи го другиот коњ на белиот на полето b7, па мат во 2 потега нема. Затоа, за да овозможи мат со коњот на с3, белиот мора да ја обезбеди контролата по с-вертикалата. Така, на белиот му остануваат на располагање две можни решенија: да одигра 1.Тсс7 или 1.Тсс8. Правилно решение е потегот 1.Тсс7! (во продолжение ќе биде објаснето зошто не 1.Тсс8). Сега, белиот е подготвен да матира, играјќи 2.Sc3#, а на црниот не му преостанува ништо друго, освен да го спречи тоа, играјќи со својот коњ на d4 (на 1...Тс5, следува 2.Тхс5#). Црниот, кој е принуден да се брани со коњот, може да се брани на 8 начини, но секој од овие начини предизвикува слабост во одбраната на црниот и очигледен мат во еден потег. По 1...Ѕb5, црниот го остава незаштитено полето c5,па белиот матира, играјќи 2.Тсс5#. Но, доколку црниот одигра 1...Ѕxb3, тој го заштитува полето с5, но сега коњот е незгодно врзан, па белиот матира, играјќи 2.Dd3#. По 1...Ѕс2, црниот ја покрива дијагоналата наловецот на d1, па мат е и откриениот шах по потегот 2.b4#. Доколку, пак црниот се обиде да го заштити полето с3 со 1...Ѕе2, тогаш незаштитен станува топот на h5 и белиот матира со потегот 2.Dh5#. Со потегот 1...Ѕf3, црниот може да покрие со коњот, по евентуалното 2.Dxh5#, но во овој случај, незаштитено останува полето d4 и белиот матира со 2.Dxd4#. Со 1...Ѕf5, црниот незаштитено го остава полето е5 и белиот матира, играјќи 2.Те5#. Доколку црниот одигра 1...Se6, следува 2.Теd7#, а по 1...Ѕс6, следува 2.Тсс7# (последните две омбинации докажуваат зошто правилно решение е потегот 1.Тсс7, а не 1.Тсс8; доколку белиот одигра 1.Тсс8, тогаш незаштитен останува топот на е7 и црниот може да се одбрани од мат во два потега со потегот 1...Ѕе6, но и со потегот 1...Ѕс6, бидејќи со овој потег, црниот коњ го контрлоира полето d8 и го оневозможува белиот топ да матира). Ваквото движење на коњот во оваа позиција е наречено коњско тркало.
|
|
- јануари
Извадок од единаесеттата партија во мечот за светски првак Г. Каспаров - А. Карпов, Москва, 1985г.
| a | b | c | d | e | f | g | h | | 8 | | 8 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 5 | 4 | 4 | 3 | 3 | 2 | 2 | 1 | 1 | | a | b | c | d | e | f | g | h | |
Белиот е на потег, победува!
Решение |
---|
| Ова е позицијата по 22. потег на црниот 22....Tcd8 во единаесеттата партија од мечот за светски првак меѓу Гари каспаров и Анатоли Карпов, одигран во Москва во 1985.
Во настанатата позиција на потег е белиот, кој има можност на одличен начин да ја материјализира оваа позиција и да ја добие партијата, што впрочем го има направено и Каспаров.
Белиот топ на e1 ја има под контрола e-вертикалата и може да биде многу опасен доколку се најде на осмата хоризонтала. Сепак, црниот ја заштитува хоризонталата на која се наоѓа и неговиот крал, а истовремено се заканува да освои фигура со потегот 23...Txd5. Белиот има можност да ја одбие заканата, но се чини дека оваа позиција нуди можност за напад на противничкиот крал преку ослабнување на одбранбената позиција на црниот. Црниот топ на d7 е заштитуван само од неговиот „колега“ на d8, кој пак е единствен заштитник на оосмата хоризонтала. Од ова произлегува потегот 23.Dxd7!! Со овој потег, белиот ја разбива позицијата одбраната на црниот. Сега, доколку црниот не може и понатаму да го заштитува слабиот ред на својот крал, бидејќи ќе загуби топ, па ознудено решение е потегот 23...Тxd7. Белиот ја жртвуваше својата дама за топ, но за возврат доби и можност за напад кој води до неодбранлив мат. Следува 24.Те8+ 24...Кh7 25.Le4+. По овој потег, Карпов се предава, бидејќи по 25...g6 26.Тxd7 26...Lа6 (на 26...La8 би следувало 27.Тxa8, проследено со 28.Lxc6 и голема материјална предност) 27.Lxc6, белиот се стекнува со материјална предност и подобра позиција (црната дама не може да го земе ловецот; на 27...Dxc6 би следувало 28.Тxf7#).
|
|
|