Позицијата на дијаграмот е многу позната композиција од завршницата на познатиот шаховски композитор Генрих Каспарјан. И покрај материјалната предност на црниот, со правилна игра белиот е во можност на одличен начин да го матира противничкиот крал.
Според позицијата на дијаграмот, се чини дека белиот, кој е материјално послаб, шансата треба да ја бара во небезбедната позиција на црниот крал на h5, благодарение на силниот ловец на с8. Според тоа, првиот потег на белиот треба да биде 1.Sе8. Сега, црниот е принуден да игра со својот крал, бидејќи доколку игра со еден од своите топови или со некој од пешаците, белиот со шах ќе го принуди да дојде на g6 и во следниот потег да го матира (на пример, по 1...T2h1 следува 2.Sg7 Kg6 3.Lf5#). По 1...f6, потегот 2.Sg7 е погрешен, бидејќи по 2...Кg6, белиот не може да матира поради слободното поле f6, кое му е достапно на црниот крал. Потегот 1...Txf4, исто така го оневозможува белиот да матира со ловецот, но ќе биде објаснет подоцна поради идентичната идеја со главната линија во композицијата. Црниот е принуден да одигра 1...Kg6, по што следува 2.h5+! Со овој потег, белиот се обидува да го врати црниот крал по h линијата и да го нападне со шах. Поради тоа, следува 2...Txh5. Но, следува 3.g4! Со овој потег, белиот се заканува да матира на f5, не само со ловецот, туку и со f-пешакот. Поради тоа, црниот е принуден да одигра 3...Тxf4. Просторот околу црниот крал се стеснува, па тоа е нов мотив за напад на белиот. Следува 4.Lxf4 Txf4 и црниот крал е заробен од своите пешаци и топови, кои истовремено се нападнати од белиот пешак на g4, што е знак за белиот да одигра 5.Sg7!! Неверојантно, но со оваа коњска виљушка, коњот ги напаѓа двата топа на црниот, кои истовремено се нападнати и од пешакот на g3. Сега, без оглед на тоа со кој топ црниот ќе отстапи, белиот матира со земање на другиот топ. Ако се навратиме наназад и ако црниот одиграше 1...Txf4, би настанала истата позиција по 2.Sg7 Kg6 3.h5 Txh5 4.Lf5+ Txf5 5.g4. Коњскиот маневар во оваа „геометриска“ позиција, популарно е наречен „мајка на сите виљушки“.