Ова е една интересна композиција од завршницата, во која очигледно е дека црниот има голема материјална предност, но лошата позиција на цррниот крал му овозмжува на неверојатен начин форсиран да победи.
Позицијата на белиот пешак на g5 е безнадежна и се чини дека со неговото отстранување од таблата во следниот потег, белиот ги губи сите шанси за победа. Доколку белиот отстапи со својот крал, тој на црниот би му овозможил, не само земање на пешакот на g5, туку и ослободување на кралот е незавидната позиција. Но, белиот го има на располагање ударот 1.g6! Изгледа неверојатно, но по овој потег, сите потези на црниот во продолжение се форсирани. Следува 1.fxg6+ 2.Кxf6. Сега, црниот повторно има само едно можно решение, а тоа е потегот 2...g5, по што следува 3.Кf5 и по 3...g4 4.hxg4#.