Позицијата на дијаграмот е една од нјпознатите од почетокот на 20. век. Во неа, црниот крал се наоѓа во пат позиција во центарот од таблата, па секој потег на белиот со кој се објавува шах, а црниот не е во можност да го избегне претставува мат. Сепак, едноставната замисла на белиот треба да се реализира во само 2 потега.
Според распоредот на фигурите на таблата, очигледно е дека најопасно по црниот е доколку белиот објави шах со коњот. Според тоа, како најпримамлив потег се појавува потегот Sc3+. Но, доколку белиот веднаш одигра 1.Sc3, тој со коњот ја затвора c-вертикалата и црниот крал безбедно може да се засолни на полето с6, напаѓајќи го другиот коњ на белиот на полето b7, па мат во 2 потега нема. Затоа, за да овозможи мат со коњот на с3, белиот мора да ја обезбеди контролата по с-вертикалата. Така, на белиот му остануваат на располагање две можни решенија: да одигра 1.Тсс7 или 1.Тсс8. Правилно решение е потегот 1.Тсс7! (во продолжение ќе биде објаснето зошто не 1.Тсс8). Сега, белиот е подготвен да матира, играјќи 2.Sc3#, а на црниот не му преостанува ништо друго, освен да го спречи тоа, играјќи со својот коњ на d4 (на 1...Тс5, следува 2.Тхс5#). Црниот, кој е принуден да се брани со коњот, може да се брани на 8 начини, но секој од овие начини предизвикува слабост во одбраната на црниот и очигледен мат во еден потег. По 1...Ѕb5, црниот го остава незаштитено полето c5,па белиот матира, играјќи 2.Тсс5#. Но, доколку црниот одигра 1...Ѕxb3, тој го заштитува полето с5, но сега коњот е незгодно врзан, па белиот матира, играјќи 2.Dd3#. По 1...Ѕс2, црниот ја покрива дијагоналата наловецот на d1, па мат е и откриениот шах по потегот 2.b4#. Доколку, пак црниот се обиде да го заштити полето с3 со 1...Ѕе2, тогаш незаштитен станува топот на h5 и белиот матира со потегот 2.Dh5#. Со потегот 1...Ѕf3, црниот може да покрие со коњот, по евентуалното 2.Dxh5#, но во овој случај, незаштитено останува полето d4 и белиот матира со 2.Dxd4#. Со 1...Ѕf5, црниот незаштитено го остава полето е5 и белиот матира, играјќи 2.Те5#. Доколку црниот одигра 1...Se6, следува 2.Теd7#, а по 1...Ѕс6, следува 2.Тсс7# (последните две омбинации докажуваат зошто правилно решение е потегот 1.Тсс7, а не 1.Тсс8; доколку белиот одигра 1.Тсс8, тогаш незаштитен останува топот на е7 и црниот може да се одбрани од мат во два потега со потегот 1...Ѕе6, но и со потегот 1...Ѕс6, бидејќи со овој потег, црниот коњ го контрлоира полето d8 и го оневозможува белиот топ да матира). Ваквото движење на коњот во оваа позиција е наречено коњско тркало.