Позицијата на дијаграмот е можеби најпознатиот поучен пример за начинот на којшто се реализира завршницата со топ и ловец против топ. Композицијата ја составил Франсоа-Андре Даникан Филидор, а истата е обработена во речиси сите современи шаховски учебници.
Најпрвин потребно е да се напомене дека во ваквите завршници, белиот може да победи само доколку неговиот крал е во опозиција со противничкиот и доколку белиот топ не се наоѓа на b или g-вертикалата или на вториот или седмиот ред. Навидум, најдобар потег за белиот е 1.Le6, но црниот го има силното продолжение 1...Тd7, по што белиот крал ора да отстапи и партијата завршува реми. Поради тоа, задачата на белиот е да се стесни просторот на дејствување на црниот топ. 1.Te8+ Tf8 2.Тf7 Те2! (по 2...Тh8, белиот победува по 3.Тa7 Тh6 4.Le6). Сега, откако црниот топ е далеку од кралот, потребно е белиот да започне да создава матни закани. Следува 3.Тg7! Те1 (по 3...Те3, белиот победува со 4.Тb7) 4.Тb7 Тc1 (на 4...Кc8, белиот го има силното продолжение 5.Тa7! и победува по Тb1 6.Тh7! Кb8 (по 6...Тb6, победничко е 7.Lc6) 7.Тh8 Кa7 8.Тa8 Кb6 9.Тb8). Во оваа позиција, потребно е да се спречи противничкиот топ да објавува шах, па затоа значаен е потегот 5.Lb3!!, по што црниот е принуден да одигра Тc3!, што е силен потег, но сепак црниот не може да го заштити својот крал од сите матни закани. Доколку црниот одиграше 5...Kc8, белиот форсирано победва по 6.Тb4 Кd8 7.Тf4 Те1 (а по 7...Кc8, следува 8.Ld5 Кb8 9.Тa4 и белиот победува) 8.La4 Kc8 9.Lc6 Td1 10.Ld5 Kb8 11.Ta4. Сега, белиот е потребно да ги искористи слабостите на црниот кои се создаваат со преголемата ангажираност на црниот топ, па затоа следува 6.Le6 Тd3 7.Ld5 Тc3 (не 7...Kc8, поради 8.Ta7) 8.Тd7+! Кc8 (по 8...Ке8, победничкиот потег е 9.Тg7) 9.Тf7 Кb8 10.Тb7 Кc8 11.Тb4! Кd8 (не 11...Тd3, поради 12.Тa4). На ова место, клучен потег е потегот 12.Lc4!! и по 12...Кc8, следува 13.Le6 Kd8 14.Tb8 Tc8 и 15.Tc8#.