Ова е позицијата по 14. потег на црниот 22....Sxh5 во партијата одиграна меѓу Емануел Ласкер и Јохан Бауер во Амстердам во 1885 година.
Во позицијата ан дијаграмот, белиот има материјал помалку, меѓутоа неговите ловци се многу поактивни за разлика од црните кои се ограничени од своите пешаци. Од друга страна, ловците на белиот директно „нишанат“ на црниот крал на g8, што претставува мотив за одлична комбинациска замисла. Следува 15.Lxh7+!, по што црниот е принуден да ја прифати жртвата, инаку во спротивно ќе биде по 15...Kh8 16.Dxh5 Те8 17.Lg6+ Kg8 18.Dh7+ Kf8 19.Dh8#. Црниот и во партијата ја прифаќа жрвтвата играјќи 15...Кхh7, по што следува 16.Dxh5+ Кg8 17.Lxg7 Kxg7 (во спротивно 18.Dh8#). Со жртва на двата ловца белиот ја отвори позицијата на црниот крал, но работата не е сè уште завршена. На ова место следува 18.Dg4+ Kh7 19.Tf3. Белиот се заканува да матира со топот на h3, па црниот е принуден да ја жртвува дамата, по 19...е5 20.Тh3+, единствен потег е 20...Dh6. По 21.Txh6 Kxh6, се чини дека црниот има доволна компензација во два ловца за топ и дама и партијата е неизвесна, но белиот, како што одиграл и Ласкер, го има смртоносниот удар 22.Dd7, освојувајќи еденод ловците и создавајќи трајна предност, која била мтеријализирана во партијата по 38. потег на белиот, кога Бауер се предал.