Портал:Олимписки игри/Избрана статија
11. Летни олимписки игри се одржале во Берлин во 1936 година. Берлин бил избран за град-домаќин на 26 април 1931 година на 29-тата сесија на МОК во Барселона, а единствен друг кандидат бил градот Барселона. Тоа било втор и последен пат еден од градовите кандидати за домаќин на Олимписките игри да е и домаќин на сесијата на МОК за избор на градот-домаќин. За прв пат тоа се случило во Париз на првата сесија на МОК на 23 јуни 1894 година кога за градови домаќини биле избрани Атина, за игрите во 1896 година и Париз, за игрите во 1900 година.
Берлин бил иабран за град-домаќин пред доаѓањето на Нацистичката партија на власт (1933). Кон средината на триесеттите, Нацистите имале сè поголема моќ, па сакале да ги искористат Олимписките игри за да ја прошират својата идеологија за постоењето на „Ариевска раса“ низ целиот свет. Адолф Хитлер бил убеден од Јозеф Гебелс да дозволи игрите да се одржат во Германија. Подготовките за игрите заподчнале во почетокот на триесеттите, а за Хитлер тие претставувале одлична можност за пропаганда. Филмската режисерка Лени Рифенштајн, омилена на Хитлер била ангажирана за снимање на филмот Олимпија. Тоа било поддржано и од Меѓународниот олимписки комитет.
Допуштајќи само луѓе од „Ариевската раса“ да се натпреваруваат за Германија, Хитлер сакал да ја покаже надмоќноста на „неговата раса“. И покрај тоа што домаќинот доминирал на игрите, атлетичарот Џеси Овенс освоил дури 4 златни медали, но бидејќи бил црномурест, Хитлер не сакал ни да се поздрави, а не да му честита за големиот успех. Прочитајте повеќе