Портал:Историја/Дали знаете
- ... дека омилената марка часовници на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито била Патек Филип, исто како и на Алберт Ајнштајн?
- ... дека Александар III Македонски истовремено ги поседувал титулите крал на Македонија, шах на Персија и фараон на Египет?
- ... дека византискиот цар Јустинијан I е роден во малото село Тауресиум, сместено во Скупи, денешно Скопје?
- ... дека имињата на првите две фрлени атомски бомби биле Малото момче и Дебелко?
- ... дека последните зборови на големиот римски цар Гај Јулиј Цезар биле Зар и ти, сине Бруте?
- ... дека турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк бил предложен за Нобелова награда од страна на грчкиот премиер Елефтериос Венизелос?
- ... дека за Маите поголема вредност имал зелениот камен жад, отколку златото?