Зар и ти, Бруте?

(Пренасочено од Зар и ти, сине Бруте?)

Зар и ти, Бруте?“ (латински: „Et tu, Brute?“) во Македонија често и како „Зар и ти, сине Бруте?“ е реченицата, која според преданието, била последниот исказ на Јулиј Цезар пред да умре. Оваа реченица нашироко се користи како епитом за предавство.

На 15 март, 44 п.н.е., Јулиј Цезар бил нападнат од група сенатори, меѓу кои и Марко Јуниј Брут, сенатор и негов близок пријател и посин. Првично Цезар се спротивставувал во нападот, но кога го видел Брут меѓу атентаторите, ги искажал тие зборови и ѝ се предал на судбината.

Овие зборови многу векови носат значење на врховно предавство од страна на некој близок.

Поврзано уреди