Архиепископ Охридски и Македонски

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Поглавар на МПЦ)

Архиепископ Охридски и Македонски е титула која е дадена на поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Поглаварот на МПЦ, покрај оваа официјална титула, ја носи и титулата Господин Господин и најчесто следи веднаш по официјалната титула и е во вид на кратенка. Така, при формално обраќање, сегашниот поглавар на МПЦ се именува како Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. При неформално обраќање, официјалната титула се изоставува и кон поглаварот се обраќа со титулата Неговото блаженство, па така имаме Неговото блаженство г. г. Стефан.

Грб на МПЦ-ОА.

Историја

уреди

Термините „архиепископ“ и „Охридски“ се однесуваат на средновековната македонска црква Охридска архиепископија, каде МПЦ се смета за директен наследник на истата. Во средновековието, архипископите на Охридската архиепископија се именувале како Охридски архиепископ. По возобновувањето на истата во лицето на МПЦ, се додал и зборот „Македонска“.

Архиепископи

уреди
Име Години на
управување
Доситеј II 4 октомври 1958 - 20 мај 1981
Ангелариј 18 август 1981 - 15 јули 1986
Гаврил II 4 октомври 1986 - 9 јуни 1993
Михаил 21 декември 1993 - 6 јуни 1999
Стефан 9/10 октомври 1999 - денес

Поврзано

уреди