Наоми Харис
Наоми Мелани Харис,[1] РБИ (родена на 6 септември 1976)[1] — англиска глумица.
Наоми Харис РБИ | |
---|---|
Харис во 2014 година | |
Роден(а) | Наоми Мелани Харис 6 септември 1976 Лондон, Англија |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1987–сè уште |
Животопис
уредиНаоми Харис ја започнала својата филмска кариера уште како дете, глумејќи во детската телевизиска серија Сајмон и вештерката во 1987 година. Таа ја глумела вештерката Тиа Далма во вториот и третиот филм од филмската франшиза Пиратите од Карибите, Селена во 28 дена подоцна и Вини Мандела во Мандела: Долг пат кон слобода. Таа ја глумела Ив Манипени во Џејмс Бонд филмовите Слободен пад и Спектра.
Во 2016 година, таа глумела во критички пофалениот филм Месечина, изведба што и донела номинации за наградите Златен глобус, БАФТА и Оскар за најдобра глумица во споредна улога.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Naomie Harris Biography Архивирано на 17 јуни 2018 г. biography.com
Надворешни врски
уреди„Наоми Харис“ на Ризницата ? |
- Наоми Харис на Семрежната филмска база на податоци (англиски)