Писнка епархија — католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Пинск. Таа зафаќа територија од 72.7 км2.[1] Таа е дел од Минско-Могиљовската архиепископија. Од 3 мај 2012 на чело на епархијата е епископот Антониј Демјанко. Помошен епископ бил Казимир Великоселец.

Пинската епархија на мапата на Белорусија

Историја

уреди

Првиот обид за воспоставување на епархија со седиште во Pinsk беше направен во 1794 година од страна на могиљовскиот архиепископ С. И. Богуш-Сестренцевич. Сепак, во 1798 година папскиот нунциј во Русија Лоренцо Лита ја укинал епархијата како неканонско создадена. Истата година врз основа на папската була и кралскиот указ била основана од Минска римокатоличка епархија, во чии рамки беше вклучена и територијата на ликвидираната Писнка римокатоличка епархија.

Подоцна, во 1917 година беше изградена Минската епархија, но во почетокот на 1920-тите години нејзиниот епископ Зигмунд Лозински беше принуден да го напушти Минск и во потрага по ново живеалиште, тој остана во Пинск. На 28 октомври 1925 година, со апостолскиот устав "Vixdum Poloniae unitas" беше создадена Пинската епархија која всушност постоела до 1939 година и формално сè до 1946 година (времето на смртта на епископот). Епархијата билс управувана од страна на пинските бискупи: Зигмунд Лозински (1925-1932) и Казимеж Букураба (1932-1946).

Во 1991 година, епархијата беше обновена во границите на Брестската и Гомељската област, потчинета на Минско-Могиљовската архиепископија.

Структура

уреди

Таа ја зафаќа територијата на Брестската и Гомељската област. Центарот се наоѓа во градот Пинск. Епархијата има 60 парохии. Нејзина катедрала е Катедралата на Вознесението на Пресвета Богородица со со почесен статус на мала базилика.

Деканати

уреди
  • Барановически (источен)
  • Барановически (западен)
  • Брестски
  • Мозирски
  • Пински
  • Пружански
  • Гомељски

Епископи

уреди
  • Зигмунд Лозински (19251932)
  • Казимир Букраба (19321946)
    • Владислав Јандрушук (19671991) (апостолски администратор)
    • Казимир Свјонтек (19912011) (апостолски администратор)
    • Тадеуш Кондрусјович (20112012) (апостолски администратор)
  • Антониј Дамјанко (3 мај 2012)

Наводи

уреди
  1. Vatican Information Service Архивирано на 3 јули 2011 г.(англиски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди