Кале (Петрино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 41°06′13″N 20°56′47″E / 41.10361° СГШ; 20.94639° ИГД / 41.10361; 20.94639
Основни податоци
Место Петрино
Општина Ресен
Тип

 населба


Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во преспанското село Петрино. Претставува утврдена населба од римско време и среден век. Се наоѓа на околу 8–9 км западно од селото, високо во Петринска Планина на една височинка со зарамнето плато, со површина од 150 × 40 м, на која се гледаат остатоци од одбранбен ѕид, широк 1 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер. На површината, освен градежен материјал, има и фрагменти од керамички садови. Со оглед на близината на патот Вија Егнација, Томо Томоски претпоставува дека Кале би можела да биде патната станица Брикида.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069