Петре Војнески
Петре Богојев Војнески ( 1924 во Староец, Кичевско — 1944 во Дебреште, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Петре Војнески | ||
Роден | 1924 година Староец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | февруари, 1944 година Дебреште, Прилепско, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Во текот на 1942 година им бил преведувач на Италијаните и имал можност да го запознае окупаторот и неговите намери. Во есента 1943 година се приклучил како партизан во Групата баталјони, а потоа во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувал во Февруарскиот поход, а по борбите кај Богомила во февруари 1944 година, со групата на Тихомир Шарески, тргнал назад, но загинал кај селото Дебреште - Прилепско во февруари 1944 година во борба со бугарските фашисти.[1]