Петар Велики (Фабержеово јајце)
Петар Велики – украсно велигденско јајце изработено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1903 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на жена си, царицата Александра Фјодоровна, на Велигден 1903 година. Јајцето се наоѓа во „Музејот на уметноста Вирџинија“ во Ричмонд, Вирџинија, во Соединетите Американски Држави.[1]
Петар Велики | |
---|---|
Година на изработка | 1903 |
Нарачател | Николај II, поклон за сопругата Александра Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Музеј на уметноста Вирџинија |
Година на стекнување | 1947 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаил Перхин |
Употребен материјал | злато, дијамант, рубин, платина, горски кристал, емајл |
Висина | 11,1 cm |
Ширина | 7,94 cm |
Изненадување | Минијатурна златна реплика на Петар Велики (Бронзениот коњаник) |
Опис
уредиФабержеовото јајце Петар Велики е направено во рококо стил, и е изработено во чест на двестегодишнината од основањето на Санкт Петербург во 1703 година. Изработено е од црвено, зелено и жолто злато, платина, дијаманти, рубини, емајл, горски кристал и минијатурен портрет во акварел на слонова коска. Димензиите на јајцето се 11,1 на 7,94 (пречник) см.[2]
Изработено во злато, обрабено е со дијаманти и рубини. Телото на јајцето е покриено со лаворови лисја и шавар изработени од 14-каратно злато. Истите го симболизираат изворот на „живите води“. На краевите поставени се квадратни рубини. Ленти од бел емајл на кои се испишани историски детали го опкружуваат јајцето. На врвот на јајцето се наоѓа венец кој го опкружува монограмот на Николај II. Долниот дел на јајцето е украсен со двоглав царски орел, изработен од црн емајл и крунисан со два дијаманти.[1]
Лушпата на јајцето има четири минијатури во акварел насликани од Б. Бјалц. Сликите го претставуваат „пред“ и „после“ на Санкт Петербург во 1703 и 1903 година. Челната слика ја претставува екстравагантната Зимска палата, официјалната резиденција на Николај II, двесте години после основањето на Санкт Петербург. На спротивната страна, на задниот дел на јајцето, се наоѓа слика на колиба за која се верува дека била изработена лично од Петар Велики, претставник на основањето на Санкт Петербург на бреговите на Нева. На страните на јајцето се наоѓаат портрети на Петар Велики во 1703 и Николај II во 1903 година. И двете минијатури се покриени со горски кристал. Датумите 1703 и 1903 кои се изработени од дијаманти, се поставени на двете страни над сликите на колибата и Зимската палата соодветно.[1]
Под сликите се поставени ленти во емајл со натписи со црни кирилични букви. Содржината на натписите е: „Императорот Петар Велики, роден во 1672, основач на Санкт Петербург во 1703“, „Првата мала куќичка на царот Петар Велики во 1703“, „Царот Николај II роден во 1868 го наследил престолот во 1894“ и „Зимската палата на Неговото царско величество во 1903“.[2]
Изненадување
уредиИзненадување (сурприз) е кога ќе се отвори јајцето, внатрешен механизам исправа минијатурен златен модел на Бронзениот коњаник - споменик на Петар Велики на Нева, поставен на сафирна основа. Моделот бил изработен од Георги Малишев. Причината за избор на овој сурприз е легендата од XIX век дека непријателските сили никогаш нема да го заземат Санкт Петербург додека Бронзениот коњаник стои во средината на градот.[1]
Историја
уредиСанкт Петербург бил основан од Петар Велики во 1703 година за време на Големата северна војна. Петар ја преселил руската престолнина од Москва во Санкт Петербург и имал намера новиот град да биде „прозорец кон запад“, во обид да ја западнизира Русија. Санкт Петербург станал европски културен центар и продолжува да биде најзападизиран град во Русија.[3]
За ова јајце Фаберже издал фактура од 9.760 рубли [4]
Во 1917 година јајцето било конфискувано од привремената влада и депонирано во музејот Кремљ.
Во 1930 година јајцето „Петар Велики“ му било продадено на Арманд Хамер, американски претприемач кој имал деловни интереси во Русија. Подоцна бил купен од „А ла Вјеј Руси“ (A la Vieille Russie, За Стара Русија). Во 1944 година го купила Лилијан Прат од Фредериксбург, Вирџинија и во 1947 година му го подарила на Музејот на уметноста. Дел е од постојаната изложба на Европската декоративна колекција.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 David Park Curry (1995). „Faberge“. Virginia Museum of Fine Arts. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Mieks – Fabergé Peter the Great Egg
- ↑ Arthur L. George (2003). „St. Petersburg: Russia's Window to the Future, The First Three Centuries“. Taylor Trade Publishing. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „Imperial Peter the Great Egg“. Matt & Andrej Koymasky. 2005.
Надворешни врски
уреди- Virginia Museum of the Fine Arts description Архивирано на 2 јули 2012 г.