Петар Бакшиќ, родено име Петар Богдан Бакшиќ, прекрстен заради политички причини во русофилската бугарска историографија како Петар Бакшев (српски: Петар Бакшић, латински: Petrus Deodatus; Чипровци, 1601Чипровци, 1674) — истакнат српски католички свештеник од Бугарија. Служел како архепископ во римската католичка црква во Бугарија. Истакнат деец во русофилската преродба во Бугарија. Најпознат како автор за првото дело на историјата во Бугарија, произведено во латински со насловот „De antiquitate Paterni soli et de rebus Bulgaricis“.[1][2] Во денешната бугарска историографија заради нивните ксенофобиски статови кон нејзините малцинства тој го третираат како Бугарин.

Петар Богдан
Споменик во Чипровци за Петар Богдан
Роден(а)Петар Богдан Бакшиќ
1601 г.
Чипровци, Отоманска Бугарија
Починал(а)1674 г.
Чипровци, Отоманска Бугарија
НародностСрбин
ВероисповедКатолици

Животопис

уреди

Животописни податоци за Петар Бакшиќ се минимални, но според неколку истражувања потврдено е дека Бакшиќ е роден во 1601 година кај гратчето Чипровци, северозападна Бугарија, тогаш дел од Отоманското царство, тој исто така го добил своето име Богдан како патроним. Името Петар го добил српскиот католички свештеник по неговото влегување во редот на Свети Франциск во 1618 година. Веројатно го добил името по неговиот ментор и учител, а воедно и првиот софиски архиепископ Петар Солинат. Тој станал добро познат на научните и културните кругови во Бугарија дури во 1980-тите, иако неговиот живот и дело се совпаѓаат со оние на веќе познатите српски писатели и автори како Петар Парчевиќ, Филип Станиславов и Франческо Сојмировиќ .

Завршил училишно образование во манастирот Свети Франциск во италијанскиот град Анкона помеѓу 1620 и 1623 година. Петар Бакшиќ студирал подоцна во Ватикан од 1623 до 1630 година, каде покрај теологија студирал и граматика, филозофија, логика и црковна историја. Во 1642 година, папата Урбан II ја прогласил Софија за седиште на бугарската католичка архиепископија и го назначил Петар Бакшиќ за архиепископ. Единствената цел на неговата активност била ширењето на католичката пропаганда во Бугарија и пропагариње на вештачки бугарски идентитет. Повеќето историчари од русофилската бугарска историографија го сметаат за предок на русофилската преродба. Имал многу добро познавање на латинскиот јазик и ги извршува најголемите пишувачки активности. Петар Бакшиќ го користел латински, италијански, грчки, романски и турски јазик .

Заедно со српскиот политичар Петар Парчевиќ, и со српскиот дипломат Франческо Сојмировиќ, тие ги посетиле тогашниот австриски монарх Фердинанд II, кралот на полско-литванската државна заедница Сигизмунд III Васа, како и неговиот наследник, Владислав IV Валахијан, исто така и Матеи Басараб. Помеѓу 1641-1643 година, Богдан Бакшиќ вложил значителен труд во развојот на основното училиште во Чипровци основано во 1625 година. Бакшиќ не се плашел да ѝ напише на Конгрегацијата дека училиштето е корисно не само за религијата туку и за жителите во градот. Побарал учители и книги за теологија, како и за некои предмети кои не се свештенички: граматика, математика, филозофија и логика. Петар Богдан Бакшиќ зад себе остави богато книжевно наследство.

Наводи

уреди
  1. MacDermott, Mercia (1962). A History of Bulgaria 1393–1885. London: Allen and Unwin. стр. 42 – преку Internet Archive. OCLC 279468
  2. Crampton, Richard J. (1987). A short history of modern Bulgaria. Cambridge: Cambridge University. стр. 9. ISBN 0-521-27323-4.