Петар Димитров Ангелов
Петар Димитров Ангелов (1878-1923) — македонски револуционер, паланечки војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]
Петар Димитров Ангелов | ||
Роден | 29 јули 1878 Хасково, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 9 август 1923 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиПетар Димитров Ангелов е роден на 29 јули 1878 година во Хасково, Бугарија. Завршил воено училиште. Во редовите на ТМОРО бил привлечен од страна на Михаил Герџиков. Учествувал на Конгресот на Одринскиот револуционерен округ што се одржал во месноста Петрова Нива, на 11 јули (стар стил) 1903 година. Таму бил назначен за војвода на чета. По Илинденското востание, од страна на Организацијата бил назначен за војвода на чета во Паланечко.
Учествувал како делегат на Првиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ на Организацијата, во јануари 1905 година. Учествувал и на Вториот скопски окружен конгрес, во 1906 година, каде бил избран за член на скопскиот окружен комитет на ВМОРО.
Убиен е во Софија на 9 август 1923 година, по наредба на Тодор Александров, бидејќи тој ги разболичувал Александров и Протогеров како германски агенти и орудија на царот Борис III. Се смета дека неговото убиство било извршено од Димитар Ѓузданов.[2]