Жолни
Жолни | |
---|---|
Црношиеста жолна | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Подред: | Песнопојни |
Семејство: | Жолни Vigors, 1825 |
Родови | |
Жолни (науч. Oriolidae) — фамилија врапчевидни птици од Стариот Свет.
Таксономија
уредиФамилијата жолни ги соединува „смоквините птици“ од родот Sphecotheres и жолните од Стариот Свет од родот Жолни.[1] Оваа фамилија не е поврзана со жолните на Новиот Свет кои се од фамилијата на Иктеридите.
Опис
уредиЖолните се средни врапчевидни птици, долги од 20 до 30 см, а женките се само малку помали од мажјаците.[1] Клунот им е малку кукасто свиткан. Перјето на повеќето видови е светло и впечатливо, додека кај женките тоа е малку поскромно. Перјето на многу австралиско-азиски жолни го имитираат перјето на поголемите птици, за да се заштитат.[2]
Поведение
уредиЖолните се моногамни птици, живеат во парови, иако се среќаваат и такви кои живеат во помали колонии.[1] Местото на гнездење може да го одберат во близина на поагресивни видови, како страчките, на пример, што им обезбедува некој вид заштита. Гнездото им е длабока плетена кошничка која виси на гранката како лежалка. Тие обично несат две до три јајца, но до сега е забележано најмногу шест.
Распространетост и живеалиште
уредиФамилијата на жолните е распространета во Африка, Европа, Азија и Австралија. Тие се птици-преселници. Живеат на дрво и имаат тенденција да се хранат во крошната, односно во шумскиот покрив.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Walther, B; Jones, P (2008). „Family Oriolidae (Orioles and Figbirds)]“. Во Josep, del Hoyo; Andrew, Elliott; David, Christie (уред.). Прирачник за птиците во светот. Volume 13, Penduline-tits to Shrikes. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 692–713. ISBN 978-84-96553-45-3.
- ↑ Diamond J (1982). „Mimicry of friarbirds by orioles“ (PDF). The Auk. 99 (2): 187–196.
Надворешни врски
уреди„Жолни“ на Ризницата ? |
- Видео снимки на жолни Архивирано на 16 март 2016 г. — Интернет-збирка на птици (англиски)
- Емили Дикинсон, „Да се чуе песната на жолните“ — Викиизвор (англиски)