Пергамскиот музеј (на германски Pergamonmuseum) е наведена зграда на Музејскиот Остров во историскиот центар на Берлин и дел од светското наследство на УНЕСКО. Изграден бил од 1910 до 1930 година по налог на германскиот цар Вилхелм II според плановите на Алфред Месел и Лудвиг Хофман во стил на ригест класицизам.[1] Во моментов, во Пергамскиот музеј се наоѓа „Античката збирка“, вклучувајќи го познатиот Пергамски олтар, Музејот на Блискиот Исток и Музејот на исламска уметност. Делови од зградата се затворени заради обновување до 2023 година.[2]

Pergamonmuseum
Пергамски музеј
Карта
МестоМузејски Остров, Берлин
Координати52°31′15″N 13°23′47″E / 52.5209° СГШ; 13.3964° ИГД / 52.5209; 13.3964
Мреж. местоПергамски музеј

Поставки

уреди
 
Пергамскиот олтар
 
Портата на Иштар
 
Алеповата соба

Меѓу деловите што музејот ги прикажува се:

Античка збирка (Antikensammlung)

уреди
 
Музејскиот Остров со Пергамскиот музеј и Mузеј Боде (1951 година).

Збирката има потекло од изборните кнезови, или Kurfürsten, од Бранденбург, кој собирале предмети од антиката; збирката започнала со аквизиција со прибирањето од страна на римски археолог во 1698 година. Првпат станала достапна (делумно) за јавноста во 1830 година, кога бил отворен Стариот музеј во Берлин. Збирката се проширила многу со ископувањата во Олимпија, Самос, Пергам, Милет, Приена, Магнезија, Кипар и Дидима.

Оваа збирка е поделена помеѓу Пергамскиот музеј и Стариот музеј.

Збирката содржи скулптура од архаичното до хеленистичкото време, како и уметнички дела од грчката и римската антика: архитектура, скулптури, натписи, мозаици, бронзи, накит и керамика.

Главните експонати се Пергамскиот олтар од 2 век п.н.е., со должина од 113 метри на вајарски фриз кој ја прикажува борбата на боговите и џиновите, и Милетската порта од римската антика.

Бидејќи Германија била поделена по Втората светска војна, така била и збирката. Пергамскиот музеј бил повторно отворен во 1959 година во Источен Берлин, додека она што останала во Западен Берлин била изложено во Шлос Шарлотенбург.

Музеј на исламска уметност (Museum für Islamische Kunst)

уреди

Кога бил отворен Музејот Боде во 1904 година, бил создаден оддел за исламска уметност, кој подоцна бил вклучен во Пергамскиот музеј (1950 година).

Покрај исламското уметничко дело од VIII до XIX век, опфаќајки од Шпанија до Индија, главна привлечност е Мшатовата фасада, која потекнува од недовршената рана исламска пустинска палата сместена јужно од Аман, денешен Јордан. Таа била подарок од отоманскиот султан Абдул Хамид II на императорот Вилхелм II Германски. Делови од источниот дел на фасадата и урнатините на конструкцијата чиј дел е дел остануваат во Јордан.

Друга уникатна поставка е просторијата Алепо. Оваа област на музејот располага со просторија за прием од домот на брокер во Алепо, Сирија, која е нарачана за време на османлискиот период.[3]

Исламскиот музеј на уметност, исто така, редовно е домаќин на привремени изложби на модерна уметност од исламскиот свет, како што се „Турски локум“ во 2008 година (на современ турски начин) и „ Накш“ (Полот во иранската уметност и општество).

Во 2008 година, дел од збирката Кеир на Едмунд де Унгер, порано сместен во неговиот дом во Хам, Сари, бил поставен на долгорочен заем во Музејот за почетен период од 15 години. Една од најважните повоени приватни збирки на исламска уметност, таа го опфаќа целиот исламски свет од средновековните времиња до XVIII век и вклучува теписи, текстил, осветлени ракописи, врзани ливчиња, керамика, метални садови и предмети од тврди кристали.

Музеј на Блискиот Исток (Vorderasiatisches Museum)

уреди
 
Победничка стела на Есархадон

Изложбата на Музејот на Блискиот Исток прикажува предмети пронајдени од германски археолози и други од областите на асирската, сумерската и вавилонската култура. Покрај тоа има историски градби, релјефи и помалку културни предмети и накит.

Главниот приказ е Портата на Иштар и Поворскиот пат во Вавилон заедно со фасадата на престолна просторија на Навуходонозор II.

Музејот на Блискиот Исток исто така го прикажува и Мајснеревиот фрагмент од Епот на Гилгамеш.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Pergamonmuseum Архивирано на 19 јули 2020 г. (на германски) Landesdenkmalamt Berlin
  2. Pergamonmuseum (на англиски) Staatliche Museen zu Berlin
  3. Annette Hagedorn "Aleppo Room" in Discover Islamicart Art. Place: Museum With No Frontiers, 2010.

Дополнителна литература

уреди
  • Haase, Claus-Peter (2007), A Collector's Fortune: Islamic Art from the Collection of Edmund de Unger, Hirmer Publishers, ISBN 978-3-7774-4085-9, distributed by Chicago University Press
  • Bilsel, Can (2012), Antiquity on Display: Regimes of the Authentic in Berlin's Pergamon Museum, Oxford University Press, ISBN 978-0-1995-7055-3

Надворешни врски

уреди