Дидима

светилиште на Аполон

Дидима (старогрчки: Δίδυμα) или „Дидимајон“ било антички грчко светилиште во Јонија. Светилиштето се состоело од храм и пророчиште посветени на Аполон. На старогрчки дидима означува близнак. По Делфи, светилиштето во Дидима било второто најважано за егејскиот свет во раната антика. Неговото основање и му претходи и на појавата на грчкото писмо и хеленизацијата на Јониа.

Дидима
Δίδυμα
Остатоците на храмот на Аполон
Друг називДидимајон
МестоДидим, Ајдин, Турција
ОбластЈонија
Координати37°23′06″N 27°15′23″E / 37.38500° СГШ; 27.25639° ИГД / 37.38500; 27.25639
ВидСветилиште
Историја
КултуриСтара Грција,Хеленизам,Римско Царство
Испостава наМилет
Белешки за наоѓалиштето
Ископување1905-1930; 1979
СостојбаРуина
СопственикДржавно
Јавен пристапДа
ПорталDidyma Archaeological Site

Историја и митологија

уреди

Традицијата му го припишува основањето на пророчкиот храм на Аполон во Дидима на еден млад овчар од Милет со име Бранкус, кој обично го водел своето стадо на ридовите околу градот Милет. Момчето, се вели во легендата, имало таква натпросечна убавина што дури и самиот Аполон се заљубил во него, го пресретнал покрај некој извор и го бакнал. За да го означи местото на средбата, богот засадил ловорово дрво во земјта и како доказ за неговата љубов кон момчето на главата му ставил венец од лисја. Овој божји подарок му дал на момчето пророчка моќ. Тогаш неговата мајка приточила една чудесна визија која ја имала во сон многу години порано кога била бремена со момчето: и се привидело дека сонцето поминало низ нејзината уста и излегло од нејзината утроба. Мајката на Бранкус, ќерка на богат граѓанин на Милет, била жена на Смикрос, роден на Делфи, кој бил донесен во Милет од својот татко по препорака на некое пророштво. Смикрос бил пронајден како плаче во полето, оставен од својот татко, од едно момче син на овчарот Епитарзиз. Епитарзис, трогнат од приказната, го примил под својот кров. Така еден ден, кога двете момчиња го паселе стадото, виделе како еден виток, убав лебед претрчува по полето па се стрчале и го фатиле фрлајќи мантија врз него. Потоа почнале да се караат за тоа кој прв да им го претстави овој дар на нивниот татко, и подоцна изморени од кавгата ја тргнаа мантијата од лебедедот за со вчудовидување за видат дека пред нив лежи жена. Исплашени од ова почнале да бегаат, но жената викнала по нив дека таа е Леукотеа, Белата Божица. Задоволна од тоа дека нејзината појава предизвикала кавга помеѓу нив, наредила граѓаните на Милет да започнат атлетски игри во нејзина чест. Ова му донело голем престиж на Смикрос, што подоцна се причинило да се жени со девојка од едно богато милетско семејство, која кога ќе стане бремена со нивното прво дете ќе ја добие визијата опишана погоре. Храмот во Дидима бил управуван од фамилијата на Бранхијатидите, наследниците на Бранкус. Свештеничката во храмот седела над светиот извор, и во транс ги искажувала проповедите кои биле толкувани од Бранхидите.

Херодот и Павсаниј го датираат потеклото на храмот во Дидима уште пред Јонската колонизација на брегот. Бранхијатидите биле протерани од Дариевите персијци кои го запалиле храмот во 493 г.п.н.е. и ја однеле во Екбатана архајската бронезна скулптура на Аполон, според традицијата направена во VI век п.н.е, изворот пресушил и архајската пророчница престанала на претскажува. Храмот во Дидима останал рушевина сè до 334 г.п.н.е кога започнале првите обиди за реконструкција на храмот. Калистен, дворскиот историчар на Александар, запишал дека изворот повторно протекол кога Александар поминал покрај него, но традицијата на храмот била целосно прекината. Со освојувањето на Милет во 334 година, Александар го возобновил светилиштето, а неговото управување било ставено во рацете на градската управа, каде свештеникот бил избиран секоја година. Околу 300 г.пне. Селеук I Никатор ја вратил култната статуа на Аполон во храмот, и милеќани почнале со изградба на нов храм, кој доколку бил целосно завршен би бил најголем во Хеленскиот свет. Витрувиј им го припишува проектирањето на храмот на архитектите Пеониј од Ефез (кој според Витрувиј бил исто така одговорен за реконстуркцијата на Артемизионот) и Дафнис од Милет. Периптеросот на храмот бил обиколен од два реда Јонски столбови со пронаос од три реда по четири јонски столба. Централниот дел на храмот бил под отворено небо каде во помал храм бил сместен светиот извор – наискос. Годишниот фестивал кој се одржувал во храмот под покровителство на градот Милет – Дидимејата – станал панхеленски на почетокот на II век п.н.е. Ископувањата на германските археолози спроведени од 1905 до 1930 година целосно ги откриле остатоците од недовршениот храм. Но сепак најголемото одкритије следело во 1979 година кога на левиот ѕид на адитонот бил одкриен целосен план на основата на храмот. Како почеток на светиот пат кој ги поврзувал Милет и Дидима, се смета Делфинион. Патот водел од Светата Порта на Милет, покрај морето и пристаништето до Дидимајонот. Во поново време голем дел од патот е откриен. Од ископувањата се покажало дека патот делувал величествено, покрај страните биле распоредени стауите на Бранхијатидските свештенички, лавови, свинги, а и саркофазите на некои почесни граѓани на Милет го наоѓале своето место тука. По залезот на моќта на Милет и разурнувањето на Дидима, светиот пат повторно ќе заблесне со стариот сјај во времето на императорот Трајан, кој го реновирал од 100 до 101 г.н.е.