Порта на Иштар

(Пренасочено од Портата на Иштар)

Портата на Иштар (арапски: بوابة عشتار, персиски: دروازه ایشتار) била осмата порта од Вавилон. Изградена е околу 575 п.н.е. по наредба на кралот Навуходонозор II, на северната страна од градот. Била ископана во почетокот на 20 век, а реконструкцијата направена од оригиналните ѕигли, денес се чува Пергамскиот музеј во Берлин.

Реконструкција на Портата на Иштар во Пергамскиот музеј во Берлин

Историја

уреди

Портата е посветена на вавилонската божица Иштар, и изградена е со употреба на глазирани цигли и наизменични редови релјеф на сируш (змеј) и тур (бик), кои се симболи на боговите Мардук и Адад.[1]

 
Тур врз цветови. Плочите кои недостигаат се заменети.

Покривот и вратите на портата биле од кедар, судејќи според плочата со посвета. Портата била прекриена со Лапис лазули, син полудраг камен, кој бил почитуван во минатото поради својата живост. Овие цигли прекриени со сина глазура на фасадата ѝ давале сјај. Низ портата минувал патот на процесијата, а на ѕидовите биле насликани околу 120 лавови, бикови, змејови и цвеќиња врз жолтите и црни глазирани цигли, симболизирајќи ја божицата Иштар. На самата порта се насликани само богови и божици, меѓу кои се Иштар, Адад и Мардук. За време на новогодишните прослави, статуи на божествата биле внесувани низ портата и низ патот на процесијата.

Како дел од ѕидовите на Вавилон, портата била сметана за една од оригиналните Седум светски чуда на античкиот свет. Портата била заменета во списокот со Светилникот во Александрија во текот на третиот век п.н.е.

Ископување и реконструкција

уреди

Реконструкцијата на Портата на Иштар е направена во Пергамскиот музеј во Берлин, за што е употребен материјалот ископан од Роберт Колдевеј, завршено во 1930-те години. Пронајдена е и таблата со опис. Портата е 14 м (46 ст) висока и 30 м (100 ст) широка. Ископувањето траело од 1902 година до 1914 година, и во текот на тоа време, 14 м (45 ст) од основата на портата не биле пронајдени.

Клаудиус Џејмс Рич, Британец од Багдад и самоук историчар, вршел истражувања на Вавилон. Со став на научник, собирајќи информации, ги открил чудата на древниот свет. Неговите топографски записи за урнатините на Вавилон се првите воопшто објавени, во 1815 година. За еден рид во Вавилон сметал дека е кралска палата, а тоа било потврдено со ископувањата на Роберт Колдевеј, кој ги нашол палатите на кралот Навуходонозор, како и Портата на Иштар. Ископувањата на Колдевеј во Вавилон започнале во 1899 година.

Помала репродукција на портата била изградена во Ирак за време на Садам Хусеин како влез во музеј кој не бил завршен. Оваа репродукција е оштетена за време на Втората заливска војна.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Kleiner, Fred (2005). Gardner's Art Through the Ages. Belmont, CA: Thompson Learning, Inc. стр. 49. ISBN 0-15-505090-7.