Патас

(Пренасочено од Патаси)
Патас
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Подред: Сувоносни мајмуни
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Патаси
Труесар, 1897
Вид: Патас
Научен назив
Erythrocebus patas
(Шребер, 1775)
Распространетост

Патас или гусарски мајмун (научErythrocebus patas) — наземен мајмун од полусувите предели на Западна и дел од Источна Африка. Ова е единствениот вид од родот патаси (Erythrocebus). Последните филогенетски наоди покажуваат најблиско сродство со зелениот мајмун или „вервет“ (Chlorocebus aethiops), што укажува на потребата од прекласификација.

Ова животно може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Таксономија

уреди

Бројот на подвидови на патасот сè уште не е сосема утврден. Според едни извори постојат четири подвида,[3] а според други, само два: обичниот патас (Erythrocebus patas patas) со црн нос и ниснасот (Erythrocebus patas pyrrhonotus) со бел нос, кој живее на исток.

Изглед

уреди
 
Мало мајмунче.

Мајмунот има должина од 60 см до 87 см, не сметајќи ја опашката, која е долга 75 см. Мажјаците се значително поголеми од женките кои имаат должина од 49 см..[4] Возрасните мажјаци се во просек 12,4 кг додека возрасните женки се 6,5 кг, што покажува висок степен на полов диморфизам.[4] Патасот е најбрз од сите примати, достигнувајќи брзина од 55 км/ч.[5]

Животниот век во дивината може да трае до околу 20 години.[4]

Поведение

уреди
 
Поштење — друштвено поведение.

Живеат во групи до 60 единки, со повеќе женки и по еден возрасен мажјак. Забележани се и многу поголеми групи.[6] За време на сезоната за парење, во групата доаѓаат повеќе мажјаци. Кога мажјакот ќе достигне полова зрелост (обично на возраст од 4 години), ја напушта групата и преминува во група од исклучиво машки единки. Возрасните женки во групата решаваат кога групата треба да се движи, а мажјаците ги следат.[6]

Тревожни огласувања

уреди

Овие мајмуни имаат неколку различни тревожни огласувања со кои ги предупредуваат другите на опасност. Огласувањата се разликуваат според единката што ги оддава (возрасна женка, возрасен мажјак, младо итн.), како и според типот на грабливец кој ги демне. За разлика од другите примати, патасите ретко бегаат од непријатели по дрва, што веројатно се должи на тоа што средината им е оскудна со висока растителност. Во случај на опасност, ес бранат со бегање, а некои единки знаат да напаѓаат непријатели како шакали и диви мачки. Ова важи како за мажјаците, така и за женките.[7]

Живеалиште

уреди

Патасот избегнува густи шуми и живее на поотворени савани и полупустини. Има извонредно голема родност, што веројатно е еволутивно решение за големата стапка на смртност со која се соочуваат поради наземниот живот.[8]

Исхрана

уреди

Овие мајмуни се хранат со инсекти, смола, семки и кореништа, што впрочем е посвојствено за помалите примати.[9]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Erythrocebus patas. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
  2. „Патас“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 23 јули 2015.
  3. Kingdon 1997, стр. 57–58
  4. 4,0 4,1 4,2 Kurt J. Gron (2006), Primate Factsheets: Patas monkey (Erythrocebus patas) Taxonomy, Morphology, & Ecology. Accessed 2018 July 23. Q.v. for references.
  5. Arsuaga & Ignacio 2006, стр. 18
  6. 6,0 6,1 Hall 1965, стр. 15–87
  7. Enstam & Isbell 2002.
  8. Isbell и др. 2009, стр. 103–124
  9. Isbell 1998, стр. 381–398

Книжевност

уреди

Надворешни врски

уреди