Парада по повод Хуриетот
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Парада по повод Хуриетот е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од четири минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].
„Парада по повод Хуриетот“ | |
---|---|
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1908 |
Времетраење | 4 мин |
Земја | Македонија |
Кратка содржина
уредиВо Парада по повод Хуриетот акцентот е ставен врз манифестациите, дефилето (парадата) на многубројниот народ кој учествувал во прославите по повод победата на Младотурската револуција - Хуриетот - која е прифатена со задоволство кај населението. Материјалот е доста обемен иако е снимен само во осум кадри во две секвенци, на кои се забележува огромна маса народ во разновидни носии, цивили, војници, господа и госпоѓи со чадори и многу други. Потем во колоната дефилираат голем број знамиња, пароли, како и две кочии со дувачки воен оркестар, секогаш на чело на колоната. Секаде каде што минува, колоната е поздравувана од многубројниот народ.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.
Надворешни врски
уреди