Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници

симфониски оркестар


Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од една минута. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].[2]

„Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници“
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1908
Времетраење1 мин
ЗемјаМакедонија Македонија

Кратка содржина

уреди

Филмот има три кадри, сите снимени од горен ракурс, од исто место во континуитет. Во првиот кадар е снимен воен дувачки оркестар (околу насобран народ), во вториот, со скок во дејствието, колона кочии со цивили, а од страните на колоната по еден турски војник, и во третиот кадар, исто така како продолжение од претходниот, со скок во дејствието, колона коњаници по четворица во ред.

Поврзано

уреди

Наводи и белешки

уреди
  1. Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.
  2. Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници на Семрежната филмската база на податоци

Надворешни врски

уреди