Манифестации (со грчки натписи)


Манифестации (со грчки натписи) е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од една минута. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].[2]

„Манифестации (со грчки натписи)“
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1908
Времетраење1 мин
ЗемјаМакедонија Македонија

Кратка содржина

уреди

Материјалот е доста блед и не е идентификуван со сигурност, но е веројатно дел од прославите по повод Младотурската револуција.

Во еден кадар се забележани манифестации, прослава на која присуствува многуброен народ. Низ насобраниот народ минува колона коњаници, свештени лица и луѓе кои носат знамиња и транспаренти.

Поврзано

уреди

Наводи и белешки

уреди
  1. Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.
  2. Манифестации (со грчки натписи) на Семрежната филмската база на податоци

Надворешни врски

уреди