Манифестации по повод Хуриетот


Манифестации по повод Хуриетот е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].

„Манифестации по повод Хуриетот“
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1908
Времетраење2 мин
ЗемјаМакедонија Македонија

Кратка содржина уреди

Овој филмски материјал, на кој е снимен дел од прославата по повод победата на Младотурската револуција, е снимен од горен ракурс, при што учесниците на парадата се следат во континуитет. Притоа, пред сѐ имајќи ги предвид учесниците на парадата и нивните смени, филмот може да се подели на три секвенци со шест кадри [2]:

  • Во првата секвенца, чие траење опфаќа само еден кадар, е прикажана колона мажи во бели народни носии со темни елеци и фесови.
  • Втората секвенца (исто така, еден кадар) ги доловува членовите на друштвото „Пелистерски јунак“ - деца во бели униформи.
  • Во третата секвенца (четири кадри) е регистрирана парада на мажи во темни костуми со бели фесови.

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.
  2. Профил на Манифестации по повод Хуриетот на МИФЦ.[мртва врска]

Надворешни врски уреди