Турци држат говор на Хуриет
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Турци држат говор на Хуриет е краток филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од 2 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].
„Турци држат говор на Хуриет“ | |
---|---|
кадар од филмот | |
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1908 |
Времетраење | 2 мин |
Земја | Македонија |
Кратка содржина
уредиСнимката Турци држат говор на Хуриет е веројатно дел од извесна документарна целина на браќата Манаки посветена на Хуриетот, која, врз основа на различните описи, веројатно е поделена во шест наслови; покрај Турци држат говор на Хуриет, овде се вбројуваат и Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници, Манифестации (со грчки натписи), Манифестации по повод Младотурската револуција, Манифестации по повод Хуриетот, како и Парада по повод Хуриетот. Всушност, голем број манифестации одржани во Битола по повод Хуриетот, Јанаки и Милтон Манаки ги забележале на филмска лента.
Филмот е структуриран од три секвенци. Во првата, со пет кадри е прикажан еден говорник на малечка импровизирана сцена. Во втората, во два кадри се забележани членовите на дипломатскиот кор присутни на манифестацијата. Во третата секвенца, исто така во два кадра, е забележан дел од парадата одржана по тој повод.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.
Надворешни врски
уредиТурци држат говор на Хуриет на МИФЦ.