Парабола
- За стилската фигура, погледајте ја Парабола (книжевност)
Парабола – вид крива линија добиена со сечење на обвивката и основата на конус со рамнина.[1] Параболата се дефинира и како множество точки во рамнина кои се еднакво оддалечени од дадена точка (жариште или фокус) и дадена права (директриса).
Линијата нормална на директрисата која минува низ фокусот се нарекува „оска на симетрија“. Точката на параболата која е пресечна точка со оската на симетрија се нарекува „теме“ и тоа точката каде параболата е најискривена. Растојанието меѓу темето и фокусот измерено по оската на симетрија се нарекува „фокусно растојание“. Сите параболи се геометриски слични.
Параболите имаат својство што, доколку се изработени од материјал што ја рефлектира светлината, тогаш светлинските зраци се паралелни со оската на симетрија на параболата, ја погодуваат неговата конкавна страна и се рефлектираат во неговиот фокус, без оглед од кој дел од параболата се одбиваат. Спротивно на тоа, светлината што потекнува од точка на извор во фокусот на параболата, се рефлектира во паралелен сноп, и ја напушта параболата паралелно со оската на симетријата. Истите ефекти се јавуваат со звукот и други облици на енергија. Ова својство на рефлексија е основа на многу практични употреби на параболите.
Параболата има многу важни апликации, од параболична антена или параболичен микрофон до автомобилски рефлектори на фаровите, до дизајн за балистички ракети. Тие често се користат во физиката, инженерството и во многу други области.
Равенка на параболата
уредиАко директрисата на параболата r е еднаква на апсцисата, нејзината равенка е x = -p/2, каде p е полупараметар на параболата, темето на параболата е во координатниот почеток, а жариштето на параболата F е во (p/2,0), тогаш равенката има облик
која претставува темена равенка на парабола. Ако параболата е осносиметрична во однос на ординатата (y-оска) на координатниот систем, тогаш нејзината равенка е:
- .
Тангента на парабола
уредиТангентата на парабола чие теме е во координатниот почеток и која поминува низ точката T на параболата, одредена е со координатите на точката T и коефициентот на правецот на тангентата. Со диференцирање на соодветната равенка на параболата се добива:
од каде следи:
односно дека равенката на тангентата на параболата е
- .
Ако параболата е оскосиметрична во однос на ординатата (y-оска) на координатниот систем, тогаш со диференцирање на соодветната равенка на параболата следи
од каде понатаму следи
односно дека равенката на тангентата на параболата е
- .
Теме на парабола
уредиНека и се точки на параболата која е дадена со равенката еднакво оддалечени од нејзиното теме, и нека е, без намалување на општоста, . Тогаш апсцисата на темето , се наоѓа на правата која поминува низ средината на интервалот , т.е. , односно користејќи ги Виетови формули .
Како ординатата на темето зависи од , со вклучување во равенката на дадената парабола се добива .
Според тоа, координатите на темето на секоја парабола се .
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Парабола“ на Ризницата ? |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Parabola“. |
- Хацевинкел, Михил, уред. (2001), „Parabola“, Математичка енциклопедија, Шпрингер, ISBN 978-1556080104
- „Parabola“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)
- Interactive parabola-drag focus, see axis of symmetry, directrix, standard and vertex forms
- Archimedes Triangle and Squaring of Parabola at cut-the-knot
- Two Tangents to Parabola at cut-the-knot
- Parabola As Envelope of Straight Lines at cut-the-knot
- Parabolic Mirror at cut-the-knot
- Three Parabola Tangents at cut-the-knot
- Focal Properties of Parabola at cut-the-knot
- Parabola As Envelope II at cut-the-knot
- The similarity of parabola at Dynamic Geometry Sketches, interactive dynamic geometry sketch.
- Frans van Schooten: Mathematische Oeffeningen, 1659