Палеомонастиро
поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија
Палеомонастиро (грчки: Παλαιομονάστηρο, во прев. Стар Манастир) — поранешно село во Гребенско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гребен на Гребенскиот округ, Грција.
Палеомонастиро Παλαιομονάστηρο | |
---|---|
Координати: 39°51.0′N 21°24.0′E / 39.8500° СГШ; 21.4000° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребенски |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Горѓани |
Надм. вис. | 1.196 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во денешниот атар на селото Балтино,[1] во пределите на планината Пинд и блиску до границата со Тесалија.
Историја
уредиПалеомонастиро била колибарска сточарска населба сместена крај стар манастир, по кој е наречена. Во 1920 г. е забележано со 7 жители. Малку подоцна се распаднала, и не се спомнува во понатамошните пописи.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 125. ISBN 9989-9819-5-7.