Амурска Плоча

тектонска плоча

Амурска Плоча — мала тектонска плоча на северната и источната полутопка.

Амурска Плоча
Амурската Плоча
Видмала
Движење1јужно
Брзина110 мм годишно
ОпфаќаАмур, Јалу, Кореја, Манџурија, Бајкалско Езеро, Јапонско Море, југозападно Хоншу (Кансај, Чугоку), Шикоку, највеќето од Кјушу
1Во однос на Африканската Плоча

Плочата е нарчена по реката Амур, која ја образува границата помеѓу Рускиот Далечен Исток и североисточна Кина. На север, запад и југозапад се граничи со Евроазиската Плоча, на исток со Охотската, на југоисток со Филипинската долж Сурушката Бразда и Нанкајската Бразда, потоа со Окинавската и Јангцекјаншката Плоча.[1]

Можно е Амурската Плоча да е одговорна за земјотресот во Хајченг во 1975 г. и оној во Тангшан во 1976 г., двата во Кина.

Граници

уреди

Амурската Плоча е микроплоча, дел од од Евроазиската, со непозната западна граница. На југ е оградена од Ќинлингшката шевна зона во средна Кина и Бајкалската Раседна Зона и Становојските Планини на север.[2]

Бајкалската Раседна Зона се смета за граница помеѓу Амурската и Евроазиската Плоча. Мерењата со ГПС покажуваат дека плочата бавно се врти надесно. Границата меѓу Охотската Плоча е источната граница на Јапонското Море.[3]

Географија

уреди

Плочата ги зафаќа североисточна Кина, Корејскиот Полуостров, Јапонското Море, Шикоку, Кјушу, југозападно Хоншу (Кансај, Чугоку), источна Монголија и југот на Рускиот Далечен Исток.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Yu. F. Malyshev, et al. Deep structure of the Amur lithospheric Plate border zone.
  2. Barnes, Gina L. (2022). Tectonic Archaeology: Subduction Zone Geology in Japan and Its Archaeological Implications. Archaeopress Publishing Limited. стр. 35–6.
  3. Nakamura, K. (1983). „Possible nascent trench along the eastern Japan Sea as the convergent boundary between Eurasian and North American plates“. Bull. Earthq. Res. Inst.