Отело (опера)
Отело (италијански: Otello) — лирска драма, опера во четири чина од Џузепе Верди. Верди ја компонирал оваа опера во 1884-1885 година.
Отело | |
---|---|
Опера од Џузепе Верди | |
Отело и Дездемона од Александар-Мари Колен, 1829 | |
Либретист | Ариго Боито |
Јазик | италијански |
Базирано на | Отело од Шекспир |
Премиера | 5 февруари 1887 Ла Скала, Милано |
Ариго Боито според истоимената драма на Вилијам Шекспир.
Премиера
уредиЛикови и улоги
уредиОтело |
Мавар, командант на венецијанската флота и гувернер на Кипар | тенор |
Дездемона |
неговата жена | сопран |
Јаго |
Наредникот на Отело | баритон |
Емилија |
Неговата жена | мецосопран |
Касио |
Капетан | тенор |
Родриго |
Венецијански благородник | тенор |
Лодовико |
Амбасадор на Венецијанската Република | бас |
Монтано |
Претходникот на Отело како гувернер на Кипар | бас |
Гласник | бас |
војници и морнари, венецијански дами и господа, народ (хор).
Место и време
уредиСодржина
уредиI чин
уредиПлоштад пред тврдината, со пристаниште и крчма. За време на страшната бура, жителите на Кипар и делови од венецијанските трупи се плашат за безбедно враќање на нивниот командант Отело, кој уште еднаш извојувал победа над Турција. Бродот на Отело безбедно пристигнува на пристаништето и сите го поздравуваат победникот. Само еден човек не е среќен, наредникот на Отело Јаго. Тој се чувствува заробен и покрај неговите заслуги, бидејќи Отело го унапредил Касио во капетен пред него, а тој има намера да се одмазди за тоа. Како алатка за одмазда го избира Венецијанецот Родериг, кој ја сака сопругата на Отело Дездемона. Откако го опива Касио, започнува расправија помеѓу Родериго и пијаниот капетан. Кога Монтано се обидува да ги раздели, Касио го ранува. Како што планирал Јаго, Отело ја слуша толпата и пристигнува на местото на настанот; сметајќи дека Касио е одговорен, го деградира. Дездемона го смирува бесот на Отело. Тој е свесен за заканата за неговата љубов: тој е црнокож маж од непознато потекло, оженет со преубава и богата венецијанска благородничка. Тој се плаши за својата среќа, но Дездемона не се плаши, чувствувајќи само бескрајна љубов кон Отело.
II чин
уредиСала во палатата со поглед на градината. Јаго продолжува со својата интрига. Тој го советува Касио да побара од Дездемона да го смири Отело. Јаго објаснува дека нему одмаздата му е најважна. Се гледа себеси како манипулатор на човечките судбини, бидејќи знае која е најслабата точка на цврстиот Отело - стравот дека ќе ја изгуби љубовта на Дездемона. Тој ја прикажува средбата на Касио и Дездемона во сосема поинакво светло, така што нејзината молба за Касио нему му изгледа како доказ за неверство. Јаго го краде шамивчето на Дездемона, подарокот на Отело на нивната свадба, а кога Отело бара некои докази за неверство, Јаго вели дека го видел тоа марамче во рацете на Касио. Ова го наведува Отело да се заколне на одмазда.
III чин
уредиГолема сала на палатата. Кога Дездемона повторно побарала милост од Отело во корист на Касио, Отело ја нарекол курва. Јаго го наведува Касио да зборува за својата љубовница Бјанка, но тој ја раскажува приказната на таков начин што Отело, кој слуша од страна, мисли дека се работи за Дездемона. Кога ќе го здогледа марамчето на Дездемона во неговите раце, се уверува дека е измамен и решава да ја убие. Му наредува на Јаго да се ослободи од Касио и за тоа ќе стане капетан. Доаѓаат венецијански гласници да го повикаат Отело во Венеција; Касио ќе ја преземе неговата функција на Кипар. Отело ја губи контролата врз себе и јавно ја понижува сопругата и ја губи свеста. Јаго триумфира.
IV чин
уредиСпалната соба на Дездемона. Дездемона се подготвува да разговара со Отело, кој ќе одлучи за нејзината судбина - живот или смрт. Се сеќава на една стара песна која ја пеела нејзината дадилка и која секогаш ја смирувала. Таа ја пее и полека се свртува кон молитвата, која е една од најубавите арии во опусот на Верди. Отело доаѓа и покрај заклетвите на Дездемона за верност, ја убива. Обидот на Јаго за атентат врз Касио пропаѓа, а неговата жена Емилија ги разоткрива сите негови махинации. Отело, во очај што ја убил својата љубов, се самоубива.
Познати музички нумери
уреди- Una vela! - Бурен хор (I чин)
- Gia nella notte densa - Љубовен дует на Отело и Дездемона (I чин)
- Credo in un Dio crudel - Јагова арија (II чин)
- Dio, mi potevo scagliar - Монологот на Отело (III чин)
- Ave Maria - Молитвата на Дездемона (IV чин)
- Niun mi tema- Смртта на Отело (IV чин)
Надворешни врски
уредиЛибрето
Ноти