Географски координатен систем

(Пренасочено од Координати)

Географскиот координатен систем ја прикажува секоја локација на Земјата со две или три координати на сферен координатен систем којшто е подреден со оската на вртење на Земјата. Позајмувајќи теории од античките Вавилонци, а подоцна проширени од познатиот грчки мислител и географ Птоломеј, на полн круг му се припишуваат 360°.

Географски координати на сфера
Илустрација за географска ширина и должина на Земјата.

Географскиот координатен систем овозможува секоја локација на Земјата да биде определена преку три координати на сферичниот координатен систем, кој е подреден на оската на вртење на земјата.

Прва и втора димензија, географска широчина и географска должина

уреди
  • географска ширина (латитуда) е аголот во центарот на координатниот систем помеѓу која било точка на Земјината површина и рамнината на екваторот. Линиите кои се спојуваат во точките на иста географска ширина се нарекуваат напоредници. Тие исцртуваат концентрични кругови на површината на земјата. Секој до Земјините полови се наоѓа на 90 степени. Северниот Пол е 90° СГШ; Јужниот Пол е 90° ЈГШ.

Нултиот степен од напоредникот на географската должина е означен со екваторот. Тоа е замислена линија која ја дели Земјината топка на северна и јужна полутопка.

  • географска должина (лонгитуда) е аголот кон исток или запад, во центарот на координатниот систем, помеѓу која било точка на Земјината површина и рамнината помеѓу северниот и Јужниот Пол. Линиите чии точки се спојуваат на иста географска должина се нарекуваат меридијани. Сите меридијани се половина од замислени кругови и не се паралелни. По дефиниција тие се спојуваат на половите. Линијата која поминува преку Гринич (Во близината на Лондон) е меѓународната нулта точка за географска должина. Таа точка е местото каде што истовремено меридијанот е 180° ЗГШ (запад) и 180° ИГД (исток).

Со комбинација на овие два агли хоризонталната позиција на која било локација на земјата може да биде определена.

На пример Скопје има географска ширина од 42°0′ СГШ и должина од 21°26′ ИГД . Ако повлечеме линија од центарот на земјата со агол од северно од екваторот и од Гринич, оваа линија ќе помине низ Скопје.

За попрецизна определба, степените се делат на минути (1 минута е 1/60 дел од степенот и е означена со „м“ или '. Дополнително минутите се делат на секунди означени со „с“ или .

Трета димензија - длабочина односно надморска височина

уреди

За целосно да се определи некоја локација на земјата, мора исто така и да се определи нејзината висина во однос на нивото на морето. За локации кои се наоѓаат под морското ниво се користи центарот на земјата како референтна точка.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди