Орловица (Ракотинци)
Орловица — археолошко наоѓалиште во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време, што сведочи за мошне раната населеност на ова место. Јован Трифуноски забележал предание меѓу месното население, во кое постои сеќавање дека на ова место постоел „град“ (градиште).[1]
Местоположба уреди
Се наоѓа на 2,5 км југоисточно од Ракотинци и на 2 км источно од с. Добри Дол, на самата атарска граница помеѓу овие две села. Лежи на мала висорамнина образувана на миоценско седло.[2]
Наоди уреди
На површина од околу 2 ха се пронајдени многубројни остатоци од керамика, камен, коска и куќен лепеж. По површината на плитко ораните ниви преовладуваат остатоци од бронзеното и железното време, додека кај подлабоко ораните ниви се забележува конгломерација на наоди од неолитското време.[2]
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.131
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 381. ISBN 9989-649-28-6.